Зелените домати може да се приготвуваат на најразлични начини, а освен во туршија, тие се користат и за приготвување на многу вкусни салати. Освен што се крцкави и вкусни, тие се одлична пробиотичка храна, а може да се послужува како прилог со речиси секое јадење.

Ви нудиме два рецепти, еден со маринирани домати во лук и магдонос, а вториот е зелени домати со лук во масло. Одберете кој повеќе ви се допаѓа, а ако имате повеќе домати, пригответе според двата начина.




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 кг зелени домати, 1,5 главица лук, 1/2 китка магдонос или повеќе, 5 лажици крупна (камена) сол, 5 лажички шеќер, 5 лажички лимонска киселина (лимонтус), 500 мл јаболков оцет, 1 литар ладна вода, 2 лажички црн пипер во зрно.




ПОСТАПКА: Измијте ги доматите и во секој направете длабоки засеци со форма на крст (не ги сечете до крај). Во засеците ставете ситно сечкан лук и магдонос. Наредете ги сите домати во претходно стерилизирана стаклена тегла од 5 литри, а додајте внатре уште малку лук.




Подгответе ја маринадата: Во еден длабок сад истурете ја солта, шеќерот, лимонската киселина и оцетеот. Дополнете со еден литар вода на собна температура. Мешајте додека целосно да се растопат сите состојки. Оставете ја некое време да отстои, па повторно промешајте за да се уверите дека сè е растворено.




Маринадата истурете ја во теглата, а потоа добро затворете ја теглата. Пред да го ставите металниот капак, затворете со целофан. Вака оставете да отстои еден ден, па следниот веќе можете да ја користите.

Со секој изминат ден, доматите стануваат сé повкусни. Ако ги оставите еден месец, тие целосно ќе ги впијат сите ароми и ќе станат неодоливи. Ова е следниот рецепт:




ЗЕЛЕНИ ДОМАТИ СО ЛУК ВО МАСЛО. „Бевме на гости кај наш пријател, а една од гостинките на масата праша дали сèуште може да се најдат зелени домати. Од љубопитство ја прашав за рецептот, ги испробав и сите дома бевме воодушевени.




РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 кг зелени домати, 500 мл вода, 1 литар оцет 6-9%, 3 лажици сол, 3-4 лажици шеќер, масло за преливање на доматите (количината зависи), 2-3 главици ситно исечкан лук.




ПОСТАПКА: Во длабоко и широко тенџере ставете вода, оцет, сол, шеќер и ставете на оган да зоврие. Доматите во меѓувреме добро измијте ги, па исечете на тркалца со дебелина од 1 см.




Сечените тркалца ставајте ги во зовриената течност и варете ги само една минута, не повеќе. Вадете ги со решеткаста лажица и ставајте ги на цедалка. Повторувајте ја постапката со остатокот од доматите (бланширајте ги постепено, не сите одеднаш).




Бланшираните парчиња домати редете ги во претходно стерилизирани стаклени тегли, ред домати, ред ситно сечкан лук и сè така додека да се исполни целата тегла. Кога ќе ги наполните сите тегли, залијте ги со масло (жената не ми кажа со кое масло, па јас употребив масло од репка).




Вие користете какво имате. Откако ќе ги наполните теглите, затворете ги добро и оставете ги да се оладат. теглите потоа чувајте ги на ладно и темно место. СОВЕТ: Ако сметате дека оцетот ви е многу кисел, тогаш користете однос на оцет и вода 1:1. / Поморавка / Сооlinarika.com