Многу убав колач, кремаст, се прави од евтини состојки, а излегува многу. Често го правам.
Потребни состојки:
6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици полни до врв остро брашно
2 лажици полни до врв какао
1 прашок за печиво
100 мл млеко
За прелив на кората:
300 мл вода
5 лажици шеќер
за фил:
1 литар млеко
2 пудинг од ванила
5-8 лажици шеќер (зависи по вкус)
1 ванилин шеќер
4 лажици полни до врв гриз
250 г путер/маграрин
За глазура:
150 г црно чоколадо
70 г путер/маргарин
малку масло за да се добие мазна структура
Постапка:
За кора: Измешајте ги жолчките со шеќер, па додадете млеко, брашно помешано со прашок за печиво и какао.
Белките изматете ги во цврст снег и сето заедно измешајте го. Смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех од рерна, па печете на 180 степени околу 15-20 минути.
Уште додека е врела кората прелијте ја со претходно сварен и изладен сируп од вода со шеќер. Изладете го колачот и филувајте го.
За фил: Од еден литар млеко одвојте малку за да го промешате пудингот со шеќер и гриз. Остатокот ставете да на оган да зоврие, па во него сварете ја смесата со постојано мешање, околу 5 минути додека да згусне.
Оставете го кремот да излади па во него додадете изматен путер и заедно уште еднаш изматете ги за да се соединат. Кремот нанесете го врз изладената кора. Одозгора прелијте со глазура.
За глазура: во еден сад заедно растопете путер и чоколадо, на тивко или во рерна на 100 степени, па кога ќе го извадите садот промешајте за да се соединат. Потоа додадете толку масло колку да добиете мазна глазура кој ќе може убаво да се прелие врз колачот. Глазурата не мора да биде врела.