Манастирски компир со лук – крцкаво, сочно и многу вкусно. Јадењето е заситно, па можете да го приготвувате и во периоди на пост. Компирите се многу крцкави и вкусни, а преливот од печен лук и магдонос е нешто што задолжително мора да го пробате.




Потребни состојки: 4 големи компири, 1 цела главица лук, 1 лажичка морска сол (кошер сол во снегулки или хималајска), 1 лажичка црн пипер во прав (најдобро свежо мелен), 1 лажица маслиново масло, 2 лажици посен маргарин (или путер ако не постите) и 2 лажици ситно сечкан свеж магдонос

Потребни состојки:




Постапка: Загрејте ја рерната на 220 степени. Магдоносот убаво измијте го, исцедете го добро, па колку можете поситно исечкајте го. Компирите измијте ги, излупете ги, па исечете ги на долгнавести парчиња како за помфрит или нешто покрупно.

посолете и зачинете




Врз компирите наросете една лажичка црн пипер во прав, една лажичка сол и една супена лажица маслиново масло. Добро промешајте за да се распоредат зачините подеднакво на сите компири.

добро промешајте




Земете една главица лук и без да ја лупите, отсечете го коренестиот дел, така да се отворат чешнињата. Исечете едно мало парче алуминиумска фолија, ставете малку масло и наросете малку сол, па добро завиткајте ја целата главица лук во фолијата.

ставете малку масло и наросете малку сол




Плехот е најдобро да го обложите со хартија за печење за да не ви се лепат компирите, но доколку имате нелеплив плех, тогаш може и без хартија. Наредете ги зачинетите компирчиња и распоредете ги во еден ред, преку површината на целиот плех. Ставете го и завитканиот лук.

Наредете ги зачинетите компирчиња и распоредете ги во еден ред, преку површината на целиот плех




Ставете да се пече во загреаната рерна околу 25 минути, па проверете ги компирите и превртете ги, па вратете да се допечат уште 20-25 минути или додека убаво да заруменат. Отворете ја фолијата со печениот лук и притиснете за да излезат чешнињата.

притиснете за да излезат чешнињата




Изгмечете ги со лажица или виљушка додека да добиете пире. На оган загрејте две лажици маргарин додека да се растопи, па додајте го пирето од лук и промешајте. На крај додајте го ситно сечканиот магдонос и промешајте за да се соедини.

На крај додајте го ситно сечканиот магдонос и промешајте за да се соедини




За ова не е потребно многу време, доволно е една минута колку да се соединат сите вкусови. Печените компири извадете ги во посебен сад за послужување, па додека се сè уштре врели прелијте ги со сосот од лук и магдонос. Уживајте во вкусот, компирите се за десетка!