Д-р Ирина Стефановска е познат руски лекар, фитотерапевт и диетолог. Во програмата за здрав живот на Руската телевизија, Д-р Стефановска вели:
„Благодарение на овој рецепт, според моите податоци, жените го намалуваат обемот на половината до 1 сантиметар дневно!“
„Ренот го стимулира црниот дроб, го стимулира срцето и циркулацијата, а покрај тоа е одличен диуретик и помага при ревматизам. Исто така, лесно ги топи наслагите околу стомакот …“ вели Д-р Стефановска.
Овој еликсир го елиминира вишокот на масти и на вода од телото, ја подобрува функцијата на мозокот, меморијата, слухот и концентрацијата.
Забелешка од НМД: „Оваа смеса може да биде многу ефикасна, но резултатите во губењето на тежината не се забележуваат веднаш по првата консумација.
За оптимални ефекти, потребна е редовна и континуирана употреба, при што времето за појава на резултати може да варира индивидуално.
За да се постигнат подобри резултати, се препорачува комбинирање на смесата со нанесување на стимулирачки крем на целните области, зголемен внес на течности и редовна физичка активност.
Овие дополнителни мерки помагаат во поттикнувањето на метаболизмот и исфрлањето на отпадните продукти за време на процесот на намалување на масните наслаги.“
Добро е да се мачкате и со некој стимулирачки крем на зафатените места кои сакате најмногу да ги слабеете, да пиете доволно течности и малку повеќе да бидете физички активни за да го поттикнете исфрлањето на метабилните продукти кога ќе започне “топењето” на салото.
Потребни состојки:
125 г рен
3 органски лимони
3 лажици мед
Постапка:
-ренот измиксајте го во блендер
-лимоните добро измијте ги, извадете им ги семките, па заедно со кората додадете ги во блендерот и измешајте ги со ренот.
-Потоа додадете три лажици мед и добро соединете.
Смесата се чува во фрижидер, во стаклена тегла со капак.
Употреба:
По една лажица од мевлемот, двапати дневно со оброк. Оваа смеса користете ја три седмици па ќе забележите како се намалува обемот на вашата половина.
НАПОМЕНА: смесата е силна, може да се јават болки во стомак доколку го немате и претходно консумирано ренот. Смесата се јаде заедно со јадење!
Коментар на читателка: „Го користев после јадење и секогаш кога го користев имав болка, сѐ до празнаење на цревата, инаку немам проблем со храна.“