Ако сакате да јадете, а сепак да бидете слаби, тогаш хроно-исхраната е вистинското решение за вас. Иако е смислена во Франција уште во 1986. година, кај нас дури сега е во експанзија.
Во оваа исхрана не морате да водите сметка за бројот на калориите и количината на храната, но мора да јадете во точно определено време и правилно да ги комбинирате намирниците.
Основното правило е растојанието помеѓу оброците да биде минимум четири, а максимум шест часа, идеално пет.
За појадок можете да јадете се’: јагленихидрати, протеини, масти. Но би требало да водите сметка да ја одбегнувате пченицата и пченката. Од останатите дозволени брашна користете; јачменово, ржано, хељдино, овесно. Можете да јадете и сувомеснато.
За ручек би требало да јадете повеќе протеини: како што е јунешко или јагнешко, но без јаглехидрати, односно леб. Ако јадете јаглехидрати тогаш покрај нив морате да јадете и зеленчук. Исто така, треба да се јаде што повеќе свеж зеленчук во вид на салата.
Еве што треба да се јаде за вечера:
За вечера исто така се јадат протеини: но полесни како што е бело месо или риба. Понекогаш можете покрај салатата да изедете младо сирење, или дури откога ќе излелзете од фазата на слабеење. И за вечера се комбинира само бело месо или зелен зеленчук.
Слатко, па и овошје се јаде исклучиво во попладневните часови, помеѓу ручек и вечера, никако наутро. Најдобар избор е црно чоколадо со минимум 70% какао, како и суво овошје на пример, смокви или сливи.
Ова се некои од основните правила кои би требало да ги следите во животот, бидејќи ова не е класична диета. Меѓутоа, ако имате проблем со килограмите и морате да ослабите многу, тогаш би требало да преминете на рестриктивен период кој го осмислила др.Ана Грифинг.
Во рестриктивниот период целосно се исфрла ужината, вклучително и овошјето бидејќи содржи шеќер. Исто така од исхраната привремено се исфрлаат сите скробни зеленчуци, како и јаглехидратите за ручек.
Извор на фотографија: hronokuhinja.rs