Фото и рецепт: Николинка Касап
Потребни состојки:
300 мл јогурт
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
1 лажичка сода бикарбона
500 г брашно+по потреба додадете уште малку
½ лажичка прашок за печиво
Постапка:
Со лажица измешајте го јогуртот со сол, шеќер и сода бикарбона. Потоа постепено додавајте брашно измешано со прашок за печиво.
Убаво изматете со миксер со продолжетоци за тесто, а можете да го измесите и со рака.
Добиеното тесто поделете го на 6-7 топчиња, па покријте ги за да се одмори малку тестото.
Подгответе ја тавата и загрејте го маслото. Со оклагија секое топче развлечете во поголем круг, приближно на величината на вашата тава.
Во загреаното масло пржете ги пишиите/мекиците неколку минути од едната страна, додека да се појават меури на горната, па свртете и допржете уште неколку минути.
Готовите мекици послужете ги со јогурт, кисело млеко, сирење или нешто по ваш вкус.
Фото и рецепт: Николинка Касап