Home Торта МАК ТОРТА ЗА 15 МИНУТИ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ…Се топи во уста…

МАК ТОРТА ЗА 15 МИНУТИ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ…Се топи во уста…

МАК ТОРТА ЗА 15 МИНУТИ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ…Се топи во уста…Овој колач го правам одвечер, за да можат состојките да набабрат и омекнат, па следниот ден се сладиме…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

140 г мелен мак (семе од афион)
600 мл топло млеко
150 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
75 г гриз
150 г путер или маргарин
400 г мелени бисквити

За прелив растопете на ниска Т:
150 г бело чоколадо
70 мл слатка павлака

ПОСТАПКА:

Загрејте го млекото со макот, шеќерот, ванилата и гризот, па додајте го путерот и мешајте додека да се растопи. на крај сипете ги бисквитите и мешајте додека сето да се изедначи.

Смесата распоредете ја во калап 22 см и оставете да се олади. Одозгора сипете го преливот и оставете да се олади и стегне. Постапката погледнете ја ОВДЕ: