Уште еден брз колач за кој не ви е потребна ниту вага, а се микса за само пет минути… Ова е колачот на нашето детство. Фин, мек, сочен и мирисен со неодолив вкус на меленото семе од а фион… Сите состојки се мешаат во еден сад, се излева тестото и се пече. Од белките што ќе ви останат може да направите пуслици/целувки.
Потребни состојки: 1 чаша масло, 2 чаши шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 4 жолчки, 2 чаши јогурт, 2 чаши брашно, 2 чаши мелен мак (семе од а фион), 1 кесичка прашок за печиво. Се мери со чаша од 250 мл. За глазура: 150 г чоколадо за готвење и 1-2 лажици масло
Во еден длабок сад ставете ги сите состојки: шеќер, масло, ванилин шеќер, жолчки, брашно, мак, прашок за печиво и јогурт. Значи не е потребно претходно никакво посебно на матење на жолчките. Едноставно сите состојки изматете ги заедно со миксер или жица, како ви е полесно.
Добиената смеса излејте ја во во некој плех со средна величина претходно обложен со хартија за печење. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 40 минути. Печениот колач извадете го на страна и оставете убаво да се олади.
Изладениот колач украсете го по ваша желба. Мене овој колач совршено ми одговара со чоколадна глазура: растопете го чоколадото на пареа заедно со малку масло, па прелијте го преку колачот и оставете го да се олади и стегне. Во тој случај, не мора да чекате колачот да се олади.
Доколку ставате одозгора шлаг, секако мора претходно да го изладите колачот. Инаку, во тестото не се ставаат белките. Од нив може да направите пуслици/целувки или да ги замрзнете па да ги искористите некогаш кога ќе ви бидат потребни. / DUKA11 / Сооlinarika.com
МАК КОЛАЧ СО ЈАГОДИ
Ова е најдобрата комбинација од мак, крем и јагоди. Едноставно се подготвува, а многу, многу, многу е вкусен колачот. Покрај тоа, декоративен е, па можете да го приготвувате и за свечени пригоди, но и заској ден.
Потребни состојки за кора од мак: 100 г путер или маргарин на собна температура, 120 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 прстофат сол, 4 жолчки, 150 г мак, 70 г лешници или ореви, 4 белки и 1 лажица масло.
За крем: 200 г свежо сирење, 100 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 500 мл слатка павлака, 1 лимонов шеќер или 1/2 лимон, 1 кесичка прелив за торти и овошје по желба
Постапка: путерот или маргаринот пенасто изматете го заедно со шеќерот (путерот треба да биде омекнат на собна температура), па започнете една по една да ги додавате жолчките. Полека и постепено додајте ги сите останати состојки.
Белките посебно изматете со во цврст снег и на крај додајте го во смесата но не го мешајте со миксер, туку рачно, со помош на лажица или шаптула, за да остане смесата воздушеста. Излејте ја смесата во намастен и набрашнет калап со димензии 20х30 см.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 степени околу 20 минути. За крем: измиксајте го шлагот, па додајте шеќер, ванила, лимон и на крај соединете со крем сирењето (употребете маскарпоне или некое друго несолено крем сирење).
Кремот премачкајте го преку изладениот бисквит, па по желба наредете јагоди пресечени на половина, праски, кајсии, ананас од компот или било кое друго овошје по ваш вкус. Може да биде свежо сезонско, а може да употребите и од компот.
На крај ви преостанува да го приготвите преливот според упатството на кесичката и да го прелиете одозгора врз овошјето за да се фиксира. Кој не сака, не мора да става желатин/прелив одозгора. Едноставно изладете го колачот добро во фрижидер и послужете го. / Lynda / Сооlinarika.com