Прекрасен, брз и многу вкусен колач! Ако имате дома семе од афион, сомелете го и не пропуштајте го овој рецепт. Колачот е многу вкусен, а лесен и едноставен за подготвување. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

Мерка е чаша од 250 мл

1 чаша масло
2 чаши шеќер (може да намалите и на 1 шолја, зависи колку сладок го сакате колачот)
2 кесички ванилин шеќер
4 жолчки (од белките направете целувки (рецепт) или протеински појадок)
2 чаши јогурт
2 чаши брашно
2 чаши мелен мак (семе од афион)
1 кесичка прашок за печиво

За чоколадна глазура:

150-200 г чоколадо за готвење
1-2 лажици масло

Постапка:

Помешајте ги сите состојки за бисквитотжолчките пенасто изматете ги со шеќерот додека да добиете кремаста смеса, додајте ја ванилата, па во тенок млаз сипете го маслото, потоа и јогуртот.

На неколку наврати додајте просеано брашно помешано со прашок за печиво и промешајте рачно. На крај додајте го мелениот афион. Излејте во среден плех обложен со хартија и печете на 180 степени околу 40 минути.

Кога ќе излади бисквитот декорирајте по желба. Можете да наросите со шеќер во прав, а можете да прелиете чоколадна глазура (чоколадото растопете го на пареа и додајте малку масло).

Од белките што ќе ви останат можете да направите пуслици (целувки) или да ги замрзнете па да ги искористите за некој друг колач.