Оваа торта ја направив за првпат, кога мајка ми го прослави 50-от роденден. Таа ги обожава овие старомодни колачи и торти, а оваа торта е вистински хит. Немав многу намирници и барав торта или колач што можам да направам со тоа што го имам дома. Еве што ви е потребно:

Катарина торта




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПРВИОТ БИСКВИТ: 7 белки, прстофат сол, 120 г шеќер, 120 г ореви, 50 г брашно, 50 г рендано чоколадо (може и какао). ЗА ВТОРИОТ БИСКВИТ: 5 белки, прстофат сол, 180 г шеќер, 3 лажици масло, 180 г сечкани ореви, 50 г брашно.

ЗА КРЕМ: 5 жолчки, 2 јајца, 10 г ванилин шеќер, 150 г шеќер, 250 г маргарин. За натопување на бисквитот: 150 мл млеко, 10 г ванилин шеќер. За декорација: ситно сечкани ореви, шлаг во прав, чоколадна глазура.

Катарина торта




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ БИСКВИТ: Одвојте ги белките од жолчките и со миксер пенасто изматете ги белките во цврст снег со прстофат сол. Кога белките малку ќе запенат, постепено додавајте го шеќерот, додека постојано матите со миксерот и додека шеќерот да се растопи.




Во изматените белки постепено започнете да ги додавате жолчките, една по една и соединувајте. Додајте го брашното, ренданото чоколадо и мелените ореви и лесно промешајте со шпатула. Откако ќе се изедначи смесата излејте ја во кружен калап со флексибилен обрач, обложен со хартија за печење.




Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Ставете да се пече првата кора во загреаната рерна околу 15-20 минути, а потоа извадете од рерна, оставете да се олади и пресечете ја напречно на два еднакви дела, така што ќе добиете две кори. На сличен начин подгответе ја и втората кора.

ЗА ВТОРИОТ БИСКВИТ: Белките измиксајте ги со прстофат сол, како првата кора, додајте го шеќерот, миксирајте додека да се растопи, па додајте 3 лажици брашно, мелените ореви и брашното. По додавање на сувите состојки, соединете со шпатула до изедначување.




Во истиот калап од претходно испечете го и вториот бисквит во загреана рерна на 160 степени, околу 30-тина минути. Овој бисквит не се дели на половина. Оваа кора потребно е повеќе да суши отколку да се пече. Извадете ја кората од калапот и ставете ја преку претходно испечените две кори.

ЗА КРЕМОТ: Во подлабок сад ставете ги жолчките заедно со двете јајца, додајте ги шеќерите и сѐ измиксајте во едноличен и кремаст фил. Потребно е малку подолго да матите со миксерот додека шеќерот да се растопи и да добиете густа, кремозна смеса. Потоа садот со изматените жолчки ставете го врз тенџере во кое врие вода и сварете го кремот со постојано мешање. Филот е потребно да се готви околу 15-тина минути.




Сварениот крем оставете го настрана целосно да се олади. Путерот омекнат на собна температура пенасто изматете го, па постепено започнете да го додавате ладниот крем и матете со миксерот додека убаво да се соединат двете смеси.




За да бидат корите сочни, направете шеќерен сируп-прелив со кој ќе ги натопите корите, така што на млакото млеко ќе го измешате со ванилиниот шеќер, а можете и малку да го стоплите на пареа за шеќерот полесно да се растопи, но внимавајте да не зоврие.

ЗА ФИЛУВАЊЕ: Натопете го бисквитот со шеќерното млеко (пресечениот), премачкајте со половина од кремот, па одозгора ставете го неисечениот крем, повторно крем, па преклопете со другата половина од исечениот бисквит и премачкајте ја целата торта со шлаг или преостанатиот крем.




Катарина торта

Украсете со ореви или по желба со чоколадна глазура. Добро изладете ја тортата пред да ја послужите, најдобро е да отстои преку ноќ во фрижидер. / Сoolinarka.сom