Мајка ми има 58 години, а изгледа како да има 40. Тајната за нејзиното младолико лице се крие во оваа чудесна маска, чиј рецепт се пренесува во нашето семејство од генерација на генерација. Состојките кои ги содржи оваа маска се многу едноставни и секогаш ги имате во домот додека маската се применува многу кратко време, а резултатите се воодушевувачки.
Кога кожата е во добра состојба и изгледа здраво, жените се чувствуваат многу посамоуверено. За да ја одржите кожата здрава, потребно е повремено да нанесувате одредени природни маски за лице. Овој козметички производ е многу лесен да го подготвите во домашни услови, а сите состојки се многу здрави и природни. Само следете ги упатствата и бидете трпеливи.
Потребни состојки: сок од еден лимон, 5 супени лажици овесни снегулки.
Постапка: Исцедете го лимоновиот сок и ставете го во чист сад. Потоа измешајте го со овесната каша додека да добиете хомогена смеса.
Начин на употреба: Нанесете ја добиената смеса на лицето со чиста четка. Може да употребите која било четка (од шминка или некоја друга), но многу е важно влакната на четката да бидат меки и чисти. За да го подмладите лицето и хидрирате кожата нанесета ја маската на чисто лице 20 минути пред да легнете на спиење. Избегнувајте ја областа околу очите и устата. Се препорачува да ја нанесувате оваа маска двапати во неделата.
Доколку се одлучите да ја нанесете маската во текот на денот, потребно е да бидете внимателни вашата кожа да не ја изложите на директна сончева светлина. Ако излезете надвор после користење на маската, потребно е да нанесете крем со заштитен фактор.
Исто така сакам да споделам уште еден рецепт за маска за лице, кој исто се базира на овесните снегулки бидејќи имаат големи придобивки. Овесните снегулки се одличен третман во борбата против иритација и црвенило на лицето.
Потребни состојки: 5 супени лажици овесни снегулки, 1 лажичка мед, 1 лажичка млеко, 1 лажичка топла дестилирана вода.
Подготовка: Во сад ставете ги овесните снегулки, а потоа додадете го млекото и топлата вода. На крајот додадете го медот и измешајте ги сите состојки убаво.
Начин на употреба: Нанесете ја маската на лицето на претходно исчистено лице со козметичка четка или чист сунѓер и избегнувајте ја областа околу очите. Оставете ја маската на лицето да делува околу 10 минути, а потоа исплакнете го лицето со топла вода.
Доколку имате проблеми со тенот и текстурата на кожата тогаш оваа маска е идеална за вас бидејќи ќе ја навлажни и смири вашата кожа. Освен што ги спречува ефектите на стареење, оваа маска помага и во отстранување на вишокот насобрана маснотија на лицето. После неколку користења вашата кожа во буквалност ќе се трансформира.
Како што величествената Коко Шанел еднаш посоветувала: ,,За време на дваесетите години имате лице кое природата ви го дала, во триесеттите имате лице кое ќе ви го обликува животот, а веќе во педесеттите години имате лице кое навистина го заслужувате. Сакајте се себеси и никогаш не се двоумете и одвојте барем 20 минути во денот и посветете грижа во негата на вашето лице.” – Рецепт на читателка на НМД.мк