Смогот е аерозагадување. Називот потекнува од комбинација на два англиски збора: smoke – дим и fog – магла.

Се јавува во големите градови, во есен и зима, каде постои голем извор на аерозагадувачи на релативно мал простор (индустрија, котларници, издувни гасови од моторни возила, индивидуално греење…).

Недостигот од ветер само го влошува загадувањето. Одговорните државни институции постојано го следат степенот на загадувањето и по потреба алармираат.

Во Македонија има повеќе градови каде загадувањето ги надминува дозволените граници. Тоа се Скопје, Битола, Тетово, Куманово…

Загадувањето на воздухот во Скопје денеска (14.12.2017) речиси во сите населби е на многу високо ниво.

Концентрацијата на штетните ПМ10 честичките во одделни скопски општини е 6 пати над дозволениот праг од 50 микрограми на еден кубен метар воздух.

Според последните мерења најзагадено е во Лисиче – 331 ПМ10 честички на кубен метар воздух, потоа во Карпош (293), Центар (255) и Гази Баба (250).

Според извештајот на Министерството за животна средина и вчера состојбата со загадувањето на воздухот била алармантна.

„Податоците за среднодневните концентрации на суспендирани честички со димензија до 10 микрометри се над рамките на граничната вредност на мерните места места Кичево, Кочани, Куманово, Миладиновци, Лисиче, Гази Баба, Центар, Карпош, Велес 2, Битола 2, Ректорат и Кавадарци“, се наведува во извештајот за вчерашниот ден.

Што се суспендирани честички со големина помала од 10 микрометри (PM10)?

Малите вдишливи честички може да бидат едни од најштетните загадувачки супстанции во воздухот. Суспендираните честички со дијаметар помал од 10 микрометри (PM10) може да продрат длабоко во респираторниот систем на луѓето.

Штетните честички се емитуваат во атмосферата од голем број на извори, како на пример издувниот систем на возилата, греењето во домаќинствата, индустриските процеси, електраните, согорувањето на земјоделскиот отпад, согорувањето на отпад од дивите депонии и дворовите и шумските пожари.

Емитираните честички, исто така, со помош на хоризонталните воздушни струења може да се пренесат стотици километри од изворите на емисија.

КИСЕЛ СМОГ

Обично се јавува во зимските месеци кога поради ложењето се зголемува концентрацијата на сулфур-диоксидот (SO2) во воздухот, а со самото тоа и концентрацијата на сулфурна киселина (H2SO4), која се добива со оксидација и други процеси во воздухот.

Покрај сулфатна, може да се јават и други киселини, кои се создаваат со реакција на кисели оксиди присутни во смогот, како и сите останати супстанции кои се внесуваат во воздухот од различни извори.

Спречувањето на дејството од киселиот смог во големите светски градови се врши со намалување па дури и со прекин на производството и сообраќајот, кое трае се додека да се променат метеоролошките услови.

ФОТОХЕМИСКИ СМОГ

Фотохемискиот смог е состојба која се јавува кога примарните загадувачки супстанции (азотни оксиди и испарувања на органски соединенија создадени при согорување на фосилни горива) се во интеракција под дејство на сончевата светлина и даваат смеса од стотици опасни хемикалии познати како секундарни загадувачки супстанции.

Фотохемискиот смог се јавува во топлите месеци, кога времето е сончево и кога доаѓа до внес на јаглеводород и NOx (NO+NO2) од различни извори, од кои сообраќајот е еден од поважните.

ГЛАВНИ КОМПОНЕНТИ НА СМОГОТ И НИВНИТЕ ЕФЕКТИ:

1.АЗОТНИ ОКСИДИ (NO и NO2)

Извор:

-согорување на фосилни горива во индустријата и возилата

-активност на бактериите во почвата

-шумски пожари

-вулкански активности

-молњи

Ефекти:

-намалена видливост поради жолтеникавата боја на азот-диоксидот (NO2)

-азот (IV)-оксид доведува до срцеви и респираторни проблеми

– NO2 може да влијае врз растот на билките

-ја намалува отпорноста на инфекции

-придонесува за ширење на карциномот

Коментар:

-со сите процеси на согорување во атмосферата се ослободува само 5% од NO2, поголемиот дел се создава со реакции кои вклучуваат азот-моноксид (NO)

-концентрациите во иднина ќе се зголемуваат.

2.ИСПАРЛИВИ ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА

Извор:

-испарување на растворувачи

-испарување на горива

-непотполно согорување на фосилните горива

-природни извори (изопрен, терпени)

Ефекти:

-иритација на очите и белите дробови

-некои од нив се канцерогени

-намалена видливост поради синкаво-сивата боја на маглата

Коментар:

-ефектите зависат од видот на хемиската супстанција

-во примероците од воздухот се наоѓаат преку 600 ВОЈ,

-концентрациите во иднина ќе растат

3.ОЗОН (O3)

Извор:

-се создава со фотолиза на NO2,

-понекогаш доспева од стратосферата

Ефекти:

-бронхијални стагања

-кашлица

-респираторна иритација

-иритација на очите

-намален раст и принос на земјоделските култури

-оштетување на пластиката и пукање на гумата

-остар мирис

Коментар:

-концентрација од 0,1 ppm може да ја редуцира фотосинтезата за 50%

-најмногу се погодени луѓето со астма и респираторни проблеми

-може да се формира само при дневна светлина.

4.ПЕРОКСИАЦЕТИЛНИТРАТ (ПАН)

Извор:

-настанува со реакција на азот диоксид (NO2) со ВОЈ

Ефекти:

-иритација на очите

-висока токсичност за билките

-респираторна иритација

-оштетување на протеините

Коментар:

-претставува поголема токсичност за билките

Извор на фото: Фејсбук

Save