Совршено се видливи во темната ноќ, затоа yживајте во прекрасниот огномет на ѕвездите кои паѓаат на небото со некоја ваша драга личност или со пријателите, качени на некоја височинка, рид или планина.
Дали сте го набљудувале ноќното небо во августовските вечери? Ако е така, тогаш сте забележале дека тоа е полно со ѕвезди – како целата Вселена да се отворила пред нас. И оваа година месец август ни го носи метеорскиот дожд Персеиди, метеори кои се активни на небото од 17 јули до 24 август.
Овој дожд со ѕвезди што паѓаат ќе го има својот врв ноќта меѓу 11 и 12 август, како и ноќта помеѓу 12 и 13 август, по што бројот на метеори ќе почне да се намалува. Најголема шанса да видите ѕвезда што паѓа ќе имате ноќта на 12 август, а најдобро ќе се види после 23 часот, односно од полноќ до зори.
Дождот од Персеиди се смета за најубав, бидејќи овие метеори имаат највпечатлива светлина, а исто така брзо паѓаат. Нивните блесоци се многу силни, а најубаво е да се набљудуваат во природа каде што небото е отворено, а воздухот не е зaгаден.
Тоа е природен феномен во кој Земјината орбита го преминува појасот на честички оставени од кометите. Кога овие честички летаат низ горните слоеви на атмосферата на Земјата, тие светат и оставаат трага зад себе. Причината за формирањето на метеорскиот дожд Персеида е кометата Свифт-Татл.
Совршено се видливи темната ноќ, па затоа yживајте во прекрасниот огномет на ѕвездите кои паѓаат на небото со саканата личност на некоја височинка, рид или планина. Запомнете, на вашите очи им треба малку време да се навикнат на темнината, па дури тогаш почнете да вистински набљудувате.
Овој pитуал можете да го практикувате на 11-ти, 12-ти и 13-ти август и сигурно ќе видите ѕвезда која паѓа за која се верува дека има моќ да ја пренасочи енергијата во остварување на она што го сакате.
Се верува „ѕвездите што паѓаат“ имаат моќ да ја насочат енергијата кон она што го сакаме и да ни го осветлат патот. Можеби ова е можност да размислите за промени во животот и за реализација на нови цели и вашите вистински желби.
Ова е одлична можност да размислите за промените што сакате да ги направите во вашиот живот и да станете свесни како да ги постигнете своите цели и желби. Кога ќе видите ѕвезда што паѓа, замислете искрена желба, од срце, затворете ги очите и визуелизирајте ја вашата желба неколку минути, а потоа продолжете да гледате во небото.
Ако видите повеќе ѕвезди кои паѓаат во текот на ноќта, можете повторно да ја замислите истата желба или да помислите на друга. Важно е само тоа да биде од срце и да не ја откривате вашата желба на другите, туку да ја чувате во тајност.