МАФИНИ СО ВИШНИ…Се мери со чаша, без миксер…Едноставно, вкусно, без многу садови, само една чинија и калапот во кој ќе се печат…

Едноставно, вкусно, не валкате многу садови, само еден сад и калапите за мафини. Мафините се многу вкусни со вишни, но по желба може да ставите малини, јагоди, шумско овошје, парчиња чоколадо и слично.

Мерката која ја користев е шолја пд 150 мл, а вие може да користите и обична чаша за вода од 200 мл, па тогаш ќе добиете 24 мафини.

Од наведените состојки јас добив 12 мафини, но имајте во предвид дека намерно ги преполнив калапите за да не морам да печам и втора тура за која ќе добиев уште четири-пет мафини.

Затоа изгледаат вака како печурки, а инаку се многу вкусни и мирисни, мора да ги пробате. Еве кои состојки ги користев:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца,
2 шолји шеќер,
1 шолја јогурт (може млеко наместо јогурт),
1 шолја масло,
3 шолји брашно Т400 меко пченично бело,
1 кесичка прашок за печиво (12 г),
200-300 г вишни или друго бобесто овошје,
одозгора може да ги наросите со шеќер во прав по желба, но не мора

ПОСТАПКАТА опишана во детали можете да ја прочитате ОВДЕ:

ОВОШНИ МАФИНИ СО 2 ЈАЈЦА: Многу брз и лесен рецепт за кој не ви треба миксер, а состојките се мерат со шолја

Видеото можете да го погледнете ОВДЕ: