Home Рецепти Манчмалоу (100) – исто како купечкото и подобро

Манчмалоу (100) – исто како купечкото и подобро

Манчмалоу (100) – исто како купечкото и подобро. Фото и рецепт: Петрова Петрова

Потребни состојки за тесто:

430 г брашно,
250 г маргарин,
2 јајца (ако се мали може и 3)
2 лажици какао,
половина лажиче цимет,
1 прашок за печиво,
половина лажиче сода бикарбона

Постапка:

Се замесува тесто се развлекува кора околу 5 мм и се вадат тркалца со мала чашка. Бисквитките се редат на хартија за печење. Се печат 10 минути на 180 степени.

Потребни состојки за пената:

120 мл вода,
4 лажици мед,
320 г шеќер
2 лажици желатин
4 лажици ладна вода
4 белки (ако се мали тогаш 5)
екстракт од ванила по желба.

Постапка:

Водата, медот и 320 г шеќер се ставаат на оган да зовријат. Откако ќе почне да врие се остава точно 5 минути да врие, па се трга и му се ставаат 2 лажици желатин претходно отстојан во 4 лажици ладна вода.

Во подлабок сад се матат 4 белки (ако се мали јајцата 5) во цврст шлаг и кога ќе бидат убаво изматени постепено се додава од шербетот и се мати уште 10-тина минути, па му се додава и екстракт од ванила по ваш избор.

Испечените бисквити ги редиме и ги филуваме со пената, па ги оставаме да се сушат околу 1 час.

За повисока да биде пената ја повторуваме постапката уште еднаш на веќе филуваните.

За глазура:

Топиме 5 чоколади со 10 лажици масло и ги чоколадираме колачињата.

Фото и рецепт: Петрова Петрова