Банани, крем, се топи во уста…
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 7 јајца, 100 г + 7 лажици шеќер (кристал), 15 лажици брашно (тип 550), 7 лажици + 100 г мелени ореви, 500 мл млеко, ½ прашок за печиво, 250 г путер/маргарин со вкус на ванила, 1 лимон и 4 големи банани
ПОСТАПКА ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА КОРАТА: Одвојте ги жолчките од белките. Белките изматете ги во цврст снег. Жолчките изматете ги со 7 лажици шеќер, па рачно спојте ги со белките. Во таа смеса полека, рачно, додадете 7 лажици брашно, прашок за печиво и 7 лажици мелени ореви.
Излејте во плех обложен со хартија за печење (големиот плех од рерната) и печете на 200 степени, 10-15 минути (бисквитот е тенок и за кратко време е готов, штом добие боја и замириса). Кората свиткајте ја во крпа и оставете така да стои додека да се подготви кремот.
ПОДГОТВУВАЊЕ НА КРЕМ: Од половина литар млеко одвојте 200 мл а остатокот ставете го на оган да зоврие. Во млекото кое се вари додадете 100 г шеќер, а млекото кое сте го издвоиле измешајте го со 8 лажици брашно.
Кога млекото ќе зоврие смесата постепено додадете ја со постепено мешање додека да се свари и згусне, па тргнете од оган и оставете да излади. Во изладениот крем додадете пенесто изматен путер и малку сок од лимон.
Бананите излупете ги и испрскајте ги со сок од лимон за да не пожолтат. Бисквитот премачкајте го со крем (оставете малку од кремот за премачкување на ролатот одозгора).
По две банани наредете на спротивните краеви од кората и завиткајте ги заедно со кората и истовремено од двете страни кон средината. Свртете го ролатот дака да спојот биде оздола и премачкајте го со остатокот од кремот. Наросете одозгора со остатокот од мелените ореви.
coolinarika.com