Мајка ми се прослави со овој рецепт…НАЈМЕКИТЕ МЕКИЦИ што некогаш сте ги пробале…Со овој рецепт не можете да го погрешите. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
6.5 чаши брашно
3 чаши топла вода
1 кесичка сув квасец
1 лажица шеќер
1 лажица сол
2 лажици цврст јогурт или кисела павлака, по желба
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад измешајте ги сите состојки освен брашното. потоа додајте една чаша брашно, промешајте, поклопете и оставете 10 минути да се активира квасецот. Потоа постепено додајте го остатокот од тестото и месете за да не останат грутки.
Ова тесто е меко, лепливо и растегливо како гума за џвакање. Посипете го со малку брашно, поклопете го и оставете го да ферментира 1 час додека убаво да го зголеми волуменот.
Тестото е доста меко, па дури и полутечно, па потребно е да го истресете врз набрашнета површина и со помош на кујнска шпатула или набрашнет нож да исечете 11 парчиња.
Со тркалање со помош на прстите од дланката обликувајте топчиња. Оставете ги покриени да одморат 25 минути.
Потоа, секое одморено топче превртете го наопаку (долната страна да биде горе), па со прстите развлечете го во кора со нерамнини, со големина на чинија.
Во широка тава сипете 100-тина мл масло, па кога ќе се загрее на умерена температура пржете ги мекиците додека да заруменат од двете страни. Постапката погледнете ја ОВДЕ.