Фото и рецепт: Фера Хата Сариќ

Лукот помага во борбата и против срцевите болести, помага при настинки, кашлица и вирози, а исто така го намалува високиот крвен притисок.

Маслиновото масло има способност да го лекува дебелото црево, се покажало како одличен заштитник од рак на дојка, дијабетес, срцеви проблеми, артритис, висок холестерол, за слабеење, за подобрување на метаболизмот, за подобрување на дигестијата, спречува предверемено стареење и рак.

Потребни состојки:

½ од теглата – лук
½ од теглата – маслиново масло

Постапка:

Лукот се лупи и малку со нож или со виљушка се боцка, па се реди во тегла. Се прелива со маслиново масло до врв, се затвора теглата и се остава на темно место, на собна температура најмалку 15 денови до еден месец. Потоа лукот и маслото се готови за консумација.

Употреба:

За срце и крвни садови, холестерол и проблем со жолчката, секое утро на гладно се пие по една лажица од маслото, а може да се изедат 1-2 чешниња лук (во текот на денот, против настинки може да се изедат мах до 4-6 чешниња). Втората лажица се консумира по потреба во текот на денот или навечер пред спиење.

Маслото се нанесува неколку пати дневно за лекување на рани на кожата и слузокожата, за габични инфекции, како и на болни места на зглобови и грб.

За брзо растење на косата и спречување на опаѓање, се зема мал дел од ова масло со неколку чешниња лук и со рачен миксер се блендира додека да се добие смеса налик на мајонез. Оваа смеса се чува затворена во фрижидер, и од неа секоја вечер се трие темето, се остава половина час-час да делува по што се одмива.

МАСЛИНОВО МАСЛО

Маслиновото масло има способност да го лекува дебелото црево, се покажало како одличен заштитник од рак на дојка, дијабетес, срцеви проблеми, артритис, висок холестерол, за слабеење, за подобрување на метаболизмот, за подобрување на дигестијата, спречува предверемено стареење и рак.

Маслиновото масло како лек се користи уште многу одамна, пред многу векови. Денес најчесто се користи во кујната во подготовката на бројни јадења и салати, но се користи и во медицински цели.

Екстра девственото масло содржи највисоко ниво на антиоксиданти, полифеноли и олеинска киселина. Затоа се преферира пред другите видови масла. Но, бидејќи е доста калорично, треба да се користи во умерени количини: Се препорачуваат 2 лажици маслиново масло дневно за да се намали ризикот од срцеви заболувања.

ЛУК

Лукот има остар мирис и добро се вклопува во комбинација со други јадења, но исто така, поради своите лековити својства се користи и во медицината.

Неговата исклучителност произлегува од хемиското соединение кое го содржи, а е одлична терапевтска состојка со бројни лековити својства. Станува збор за алицинот, соединение кое содржи сулфур и од кое произлегува остриот мирис на лукот.

Лукот помага во борбата и против срцевите болести, помага при настинки, кашлица и вирози, а исто така го намалува високиот крвен притисок.

Лукот е најстариот познат лековит зеленчук или зачин. Човештвото го препознало како лек уште пред 3000 години. Лук Пастер, научникот кој го откри начинот за пастеризација, ефикасно ги користел анти-бактериските својства на лукот уште во далечната 1858 година.

Во првата светска војна хирурзите го користеле лукот како антисептик за лекување на војничките рани. Лукот освен алицин, содржи корисни минерали како што се фосфор, калциум и елезо, како и минерали во трагови како што се јод, сулфур и хлор.

Во смисла на органски соединенија, лукот е еден од ретките извори на алицин, алисатин 1 и 2.