Домашните миленици апсолутно се голем благослов за луѓето. Тие можат да ве pacположат кога се чyвствувате тaжни или кога се враќате дома уморни од работа. На сите им се случува понекогаш да имаат лош ден, но кога ќе ја отворите вратата и ќе се сретнете со малата крзнена топка која зрачи со љубов и среќа, како одеднаш да заборавате на сите пpoблеми и гpижи.




Животните се поинтелигентни отколку што мислиме. Сопствениците и на двата миленици, мачки и кучиња, тврдат дека нивните животни подеднакво сфаќаат кога нивните „луѓе“ се тажни или среќни. Иако во надворешниот свет тие се непријатели, кога растат заедно тие се најдобри пријатели и се чини дека се разбираат и се грижат еден за друг.




Како и да е, прашањето што многумина ги интересира, е што говори изборот на миленик за самиот сопственик. Можеби не сте размислуваме премногу за тоа, особено ако подеднакво ги сакате сите животни, но се чини дека повеќето се делат на „мачка“ или „куче“ љубител.




Сепак, постои едно истражување кое покажува дека повеќето луѓе кои сакаат мачки, генерално се многу поинтелигентни од останатите сопственици на животни. Кучињата и мачките се најчестиот избор на животни кога станува збор за чување на домашно милениче.




Но, прашањето кое од двете животни го преферирате е вистинска „класика“. И додека повеќето луѓе имаат одговор на тоа прашање, постојат и такви кои навистина не знаат, односно дома имаат и куче и мачка – и ако ги прашате, никогаш не можат да изберат помеѓу нив.




Сепак, една неодамнешна студија спроведена од истражувачот Дениз Гуастело ги открива разликите помеѓу луѓето кои сакаат кучиња и луѓето кои сакаат мачки, според Унилад. Психоаналитичарот Стив МекКеун, кој ја основал организацијата „Мајндфиксерс“ и добро познатата клиника МекКеун, вели:




Студијата е спроведена на 600 студенти. Откриено е дека луѓето кои преферираат кучиња се посоцијални и поекстровертни, додека љубителите на мачки се почувствителни и со „отворен ум“. Исто така, се покажало дека оние кои претпочитаат мачки можат да бидат повеќе анкcиозни.




Исто така, сопствениците на мачки имаат тенденција да се залагаат за она што го мислат – без разлика што вели околината, што може да укаже дека се понезависни. Иcтражувањето исто така открива дека оние кои повеќе сакаат мачки, генерално, имаат повисока интелигенција и се пообразовани.




Имаат поголеми шанси да завршат универзитетски студии, вели Стив МекКеун. Студијата наведува дека мачките обично се понезависни од кучињата, што може да биде главен фактор за сопствениците на мачки да имаат повеќе време на располагање за други работи – како учење и работа.