Рецепт и фото: Милица Илиќ
Оваа торта е идеална слатка која можете да ја направите брзо и лесно, а секој ја пробал бил воодушевен.
Потребни состојки:
200 г наполитанки
10 чоко банани (не мора)
10 лажици шеќер
1 литар млеко
500 г шлаг во прав
2 кесички желатин
Постапка:
Белата смеса се прави така што се варат шеќерот и млекото. Потоа се остава да излади, па се додава желатинот претходно разматен во малку вода или млеко.
Смесата се префрла во поголем сад каде натаму ќе се мати. Од 500 г шлаг одвојте околу 100 г за украсување одозгора.
Преостанатите 400 г прашок за шлаг изматете ги заедно со млекото и шеќерот. Матете со миксерот додека да добиете убава кремаста смеса. Потоа калапот за торти обложете го со проѕирна фолија и тука истурете дел од белата смеса. Во овој дел можете да додадете малку кокос ако сакате.
Во остатокот додадете искршени или сомелени наполитанки (кој сака и сечкани чоко-банани) и добро промешајте, така да сите наполитанки бидат во белата смеса, па потоа излејте ја и оваа смеса во калапот.
Ставете во фрижидер да се стегне. Со миксер изматете го преостанатиот шлаг со газирана вода или млеко, па кога тортата ќе биде изладена, извадете ја и украсете ја одозгора. По избор за декорација можете да го користите омиленото овошје, печени лешници, рендано чоколадо, мелени ореви… Тортата може да се послужи.
Stvarukusa.rs