Home Торта ЛОНДОН ТОРТА СО НАЈВКУСНИ СЛОЕВИ…Кралски десерт за сите свечени моменти…

ЛОНДОН ТОРТА СО НАЈВКУСНИ СЛОЕВИ…Кралски десерт за сите свечени моменти…

ЛОНДОН ТОРТА СО НАЈВКУСНИ СЛОЕВИ…Кралски десерт за сите свечени моменти…

Оваа „Лондон торта“ е вистинска уметност во светот на десертите – комбинација од нежни кори со бадеми и ореви, збогатени со кремасти филови од чоколадо, лешници и ореви.

Со својата богата текстура и вкус, таа е идеална за посебни пригоди или кога сакате да ги воодушевите најблиските, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

За корите со бадеми (I и III):
– 12 белки (6 за секоја кора)
– 400 г шеќер (200 г за секоја кора)
– 2 лажици брашно (1 за секоја кора)
– 240 г бланширани, пропржени, мелени бадеми (120 г за секоја кора)

За корите со ореви (II и IV):
– 12 белки (6 за секоја кора)
– 400 г шеќер (200 г за секоја кора)
– 2 лажици брашно (1 за секоја кора)
– 240 г мелени ореви (120 г за секоја кора)
– 100 г рендана чоколада (60% какао, 50 г за секоја кора)

За фил 1:
– 300 г мелени ореви
– 11 лажици млеко
– 7-8 лажици шеќер
– 125 г путер

За фил 2 и 3:
– 24 жолчки
– 24 лажици (300 г) шеќер
– 450 г путер
– 200 г чоколада (60% какао)
– 200 г пропржени, мелени лешници
– НМД

ПОСТАПКА:

Кори:н амастен плех (45×30 см), обложете го со хартија за печење, повторно намастете го и посипете со брашно, отстранувајќи го вишокот.

Загрејте ја рерната на 180°C. Изматете 6 белки со 200 г шеќер во цврст снег, па нежно додајте 120 г мелени бадеми и 1 лажица брашно мешајќи рачно.

Истурете во плех, намалете на 160°C и печете 30 минути. Испечете две кори (или една со двојни состојки во голем плех, па пресечете ја).

Повторете го процесот: 6 белки со 200 г шеќер во снег, додајте 120 г мелени ореви, 50 г рендана чоколада и 1 лажица брашно. Печете на истиот начин. Испечете две кори.

Прелијте 300 г мелени ореви со 11 лажици врело млеко, додајте 7-8 лажици шеќер и кратко зовријте. Оладете, па измешајте со 125 г омекнат путер.

Изматете 24 жолчки со 24 лажици шеќер и варете на пареа (водата да не го допира садот) околу 15 минути додека да се згусне, мешајќи постојано.

Оладете, додајте 450 г омекнат путер и поделете на два дела (2:1).

Во поголемиот дел додајте 200 г растопена чоколада и поделете на два дела.

Во помалиот дел додајте 200 г препржени, мелени лешници.

Составување:
– На кора I нанесете фил 1.
– На кора II ставете половина од фил 2.
– На кора III нанесете фил 3.
– Завршете со кора IV и преостанатата половина од фил 2.

Оставете ја тортата во фрижидер неколку часа пред сервирање. Уживајте во овој раскош од вкусови достоен за кралска трпеза!