Вишната е овошје кое е категоризирано како суперхрана…
Богато е со витамините А, Ц, Е и фолна киселина, магнезиум, железо и влакна, па така може да се консумира во неограничени количини (доколку не е праскано).
Вишните се извор на витамини и минерали и имаат благотворно влијание врз целиот организам. Главен пигмент е антоцијанинот и кој го има повеќе во вишните отколку во капините, јагодите и рибизлите.
Исто така, вишните содржат повеќе бета каротен од јагодите и боровинките. Ова овошје содржи и антиоксиданс мелатонин, што претставува еден од најважните регулатори на срцевиот ритам и на стареењето.
Ова суперовошје е еликсир за телото и игра важна улога во одржувањето на убавината на кожата. Исто така, вишната помага за побрзо закрепнување после операција, ги намалува воспаленијата, се бори против несоница, при менопауза делува лесно смирувачки. Добра е за превенција на рак, особено од рак на дебело црево.
Свежите вишни помагаат за слабеење. Земете една рака вишни после напорно вежбање, ќе ви помогне во отстранување на заморот. Вишните може да се користат свежи, смрзнати или суви.
Од вишните, листот и дршките може да се приготвува чај за исфрлање на песок од бубрези, намалување на целулитот, немоќност, болести на бубрезите и хронична кашлица, како и против отоци и потечени очни капаци.
РЕЦЕПТИ:
ЛЕКУВАЊЕ НА ЦРН ДРОБ
Ставете една лажица здробени листови од вишна и една лажица суви здробени листови коријандер во емајлиран сад. Смесата прелијте ја со 300 мл топла вода.
Ставете го садот на оган и загревајте до вриење, по што се намалува температурата и се готви уште 30 минути. Потоа садот се трга од оган, а по изладување се процедува низ газа или цедалка.
Консумирање: по две лажици од овој чај дневно, веднаш после оброк. Кога смесата ќе се намали при крај, се консумира пред спиење.
Третманот трае од 1 до 2 месеци. Овој чај има многу поволен ефект, кога станува збор за лекување на болести на црниот дроб.
ЧАЈ ПРОТИВ ХЕПАТИТИС А
Приготвувањето на чајот од суви листови од вишна: ситно здробете 10-тина суви листови од вишна (сушете ги подсенка или во рерна на 60 степени) и ставете ги во емајлиран сад, заедно со 300 мл вода.
Гответе на тивок оган околу 30 минути. Кога смесата ќе излади, процедете и пијте по четвртина шолја, трипати дневно.
За слабеење: пијте ја целата количина во текот на целиот ден.
ТИНКТУРА ОД ЛИСТОВИ ОД ВИШНА ЛЕКУВА ЕРЕКТИЛНА ДИСФУНКЦИЈА
Оваа тинктура ја подобрува циркулацијата и ги чисти плаките во крвните садови. Освен тоа ја подобрува потенцијата кај мажите.
Тинктурата од вишни можете да ја направите на следниот начин: земете 20-тина листови од вишна, ситно издробете ги и ставете ги во стаклена тегла. Потоа прелијте ги со 200 мл медицински алкохол 96%. Поклопете и чувајте затворено најмалку 20 дена со секојдневно протресување 2-3 пати.
Кога тинктурата ќе се раствори, процедете и складирајте во темно-стаклено шишенце со капалка.
Консумирање: во чаша вода ставете 2-3 капки од тинктурата. Се пие после јадење.