Рецепт и видео презентација на Амина Хусиќ. / Рецептот за овие вкусни, слатки триаголници од лиснато тесто ни го испрати нашата драга пријателка Амина Хусиќ, за кој таа има приготвено и видео. Во видеото можете да ја погледнете целата постапка.
Потребни состојки: 1 парче готово лиснато тесто, 2-3 јаболка, 3 лажици шеќер, 1 лажица цимет, ½ лимон – сок, 3 лажици вода и путер за премачкување на кората
Постапка: Излупете и изрендајте 2-3 јаболка, па додадете 3 супени лажици во нив, 1 полна супена лажица цимет, малку лимонов сок и 3 супени лажици вода.
Добро промешајте и ставете ги на оган околу 10-тина минута. Мешајте постојано додека да се зготват и да испари течноста. Парче лиснато тесто развлечете го во правоаголна форма со димензии 30х35 см. Со остар нож поделете го 6 еднакви делови.
Внатрешноста на секој дел, до половина, исечете ја на ленти со широчина од 1 см, но не до крајот на кората. Секое парче премачкајте го со путер на собна температура. Потоа поклопете го на половина.
Врз секое парче ставете полна супена лажица фил од јаболка и свиткајте го во вид на триаголник.
Вака подготвените триаголници наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Одозгора премачкајте ги со вода и наросете ги со кристален шеќер. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 190 степени, 25 минути.
Печените триаголници извадете ги да подизладат, па наросете ги со шеќер во прав. Целата постапка за нивното приготвување можете да ја погледнете во видеото: