Потребни состојки:

750 г брашно

400 мл топла вода

1 лажичка прашок за печиво

2 лажички сол

80 г путер/маргарин

150 г сирење

Масло за пржење

Постапка:

Измешајте ги брашното, прашкот за печиво и сол, додадете вода а потоа добро измесете. Оставете 10-тина минути да отстои. Расукајте со оклагија, премачкајте со путер или маргарин, распоредете сирење преку кората и завиткајте во ролат.

Сечете го ролатот на полжави.

Пржете во загреано масло од двете страни.