Фото и рецепт: Анета Ане

Потребни состојки:

1 кг брашно
3 белки
½ растопен путер (125 г) + за премачкување на корите
3 лажички сол
5 лажички шеќер
150 мл маслиново масло
150 мл јогурт
150 мл млако млеко
1 квасец
1 прашок за печиво

За фил:

300 г урда
100 г сирење
1 јајце
За премачкување: 3 жолчки и малку масло

Постапка:

Квасецот убаво се меша за да се растопи заедно со млако млеко и шеќер. Се остава 10-тина минути за да се активира и потоа се додава во брашното.

Путерот се растопува и млак се додава во брашното. Исто така, се додаваат белките од јајца, солта, јогуртот, прашокот за печиво и маслото. Се замесува меко тесто кое не лепи на раце и се остава да одмори и да се удвои, околу час и половина.

 

Потоа тестото се размесува и се дели на четири еднакви делови. Од секој дел се развлекува кора колку една поголема чинија. Секоја ваква кора, освен последната, се премачкува со путер (но да не е растопен, само омекнат на собна температура) и со филот од јајце, урда и дробено сирење.

Лисната пита (Фото и рецепт: Анета Ане)

Кога ќе се наредат сите четири кори една врз друга, се развлекува една голема кора која се сече на ленти по должина. Секоја лента спирално ја виткаме и ги редиме една по друга во форма на круг (полжав).

Лисната пита (Фото и рецепт: Анета Ане)

На крај питата одозгора се премачкува со жолчки од јајца помешани со многу малку маслиново масло. Се редат парчиња путер одозгора и се остава питата да одмори околу половина час.

Лисната пита (Фото и рецепт: Анета Ане)

Се пече на 200 степени додека да добие убава боја. Печената пита се вади од рерна и се покрива со крпа и најлон за да омекне. Вака се остава уште 15-тина минути, па се сече и послужува.

Лисната пита (Фото и рецепт: Анета Ане)

Лисната пита (Фото и рецепт: Анета Ане)