Потребни состојки:
200 мл вода
7 лажици шеќер
150 г путер
200 г бело чоколадо
2 лажици бел еурокрем
250 г мелени бисквити
200 г мелени печени лешници
И уште: Еурокрем, кокос
Постапка:
На оган ставете вода, шеќер и исечен путер. Почекајте да проврие, па додадете искршено чоколадо, па со мешање и него растопете го. Кога чоколадото ќе почне да се растопува, додадете и еурокрем па мешајте додека заедно да се стопат и провријат.
Тргнете од оган па додадете го лешникот и мелените бисквити.
Соединете и оставете целосно да излади.
Правете топчиња, валкајте ги во кокос и со прстот правете дупче за филот.
Смесата е малку помека, но таква треба да биде за полесно да се обликува. Полнете со еурокрем па оставете уште малку во фрижидер да се стегнат.