Вкусна, брза и лесна!
Потребни состојки: 4 јајца, 1 чаша (од 200 мл) шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 чаша масло, 1 чаша млеко, 3 чаши брашно и 1 прашок за печиво. За фил: 1 кг вишни (може смрзнати), 200 г шеќер, 4 рамни лажици густин, 200 г мелени плазма бисквити. За наросување: шеќер во прав
Постапка: Сварете го филот: свежи или одмрзнати – вишните изблендирајте ги, додадете 200 г шеќер и гответе додека шеќерот а се растопи. Во густинот ставете малку вода да се соедини, па додадете ги во вишните и гответе додека да згусне.
На крај додадете ги мелените бисквити и оставете да излади. Изматете пенасто четири јајца и ванилин шеќер, па постепено додавајте масло, млеко, брашно и прашок за печиво.
Добро изматете и една половина од тестото излејте во плех 20х30 претходно намастен и набрашнет. Печете 10 минути во загреана рерна на 200 степени, па извадете од рерна, преку кората прелијте го целиот фил од вишни и најгоре втората половина од тестото.
Печете уште околу 30 минути. Печената пита од вишни наросете ја со шеќер во прав.