Со векови се исползуваат лековитите својства на миризливата липа. За бројни народи таа е симбол за вистина и несебичност. Во лековити цели се користи речиси целото дрво: цветот, листовите, семето…Цветот се бере во јуни, а листовите во мај и јуни.
Цветот од липата содржи хетерозиди (кои го стимулираат потењето), танин, витамин Ц, а листовите сахароза, фруктоза, смола, ензими… Липата обично се користи за лекување на болести на бубрезите, поттикнува на потење и исфрлање на ток-сините при настинки, за зајакнување на имунитетот, намалување на нер.вна слабост, епилепсија и низа други состојби.
ЧАЈ ОД ЛИПА: Се приготвува од сув лист и чај (се пијат до две шолји дневно)
ИСПИРАЊЕ НА ГРЛОТО: Ако сакате да го исперете грлото и да направите гаргара од хигиенски причини, но и да ги исперете наслагите, ќе ви биде потребен малку поконцентриран чај: 25 г цветови прелијте со 250 мл врела вода и додајте 5 г сода бикарбона. Веднаш поклопете, а после 20 минути процедете ја течноста и користете ја.
МАСКА ЗА ЛИЦЕ: Измешајте 4 лажици ситно сомелен цвет од липа со една лажица млеко во прав и една лажица пченични трици. Направете паста и нанесете ја на исчистено лице. Оставете да делува 10 до 15 минути. Отстранете ја маската нежно со помош на претходно сварен чај од липа.
Сируп од липа: за атеросклероза и висок притисок, за настинки и грип, за менопауза – Рецепт од читател
Подолу во текстот, после објаснувањето за својствата и дејствата на липата, можете да ги прочитате класичните рецепти за приготвување на сируп и ликер од липа. Не заборавајте да си приготвите, бидејќи липата е особено корисна и летно и зимно време. Следи рецепт од читател:
Потребни состојки: 6 раце цветови липа, 5 литри вода, 4 кг шеќер, 100 г лимонтус (лимонска киселина), 3 лимони и 2 портокали
Постапка: јас немав портокали, па користев цитрони. Се редат цветовите, водата лимонтусот и исечените агруми во една тегла, па се оставаат 24 часа. Потоа се додава шеќерот, па се остава уште 24 часа за да се растопи. Потоа се процедува и се складира во стерилни шишиња.
Липата е омиленото дрво на старите Словени кое најчесто се користи за приготвување на чај за ублажување на анк.сиозност, напнатост, олеснување на тегоби во менопауза, како и за помош при артериосклероза и хипертензија.
Старите Словени знаеле за моќните лековити својства на цветот и кората на билката многу пред времето на модерната медицина, а особено го користеле чајот од липа како лек против разни болести како што се главоболка, грип, анк.сиозност и желудочни тегоби.
Древните лекари и исцелителите знаеле дека оваа благотворна билка поттикнува потење, со што се намалувале високите температури кај б олните. Старите Словени толку многу ја почитувале липата што своите домови ги граделе близу липови дрва.
Во фитотерапијата се користат цветовите на бела (Tilia cordata) и црна или дива липа (Tilia platyphyllos), а особено се користи липовиот чај за ублажување на нер.вна напнатост и анк.сиозност.
Чајот од липа може да го пијат и деца, а може да се користи и како додаток за бебешки бањи против гр.чеви. Фитотерапевтите овој напиток им го препорачуваат и на жени во менопауза за ублажување на тегобите како што се нер.воза и несоница, а поволно делува и за ПМС.
Липата особено благотворно делува во случај на атеросклероза (затнати артерии) и хипертензија, како антикоагулант, спречува згрутчување на кр-вта, а истовремено делува како антисептик.
Чајот од внатрешната кора на липата поттикнува проток на жолчен сок и работата на црниот дроб, па ја подобрува деток-сикацијата на целиот организам. Од липа, освен чај, може да се приготви сируп и ликер.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА СИРУП ОД ЛИПА: 2 раце свежи расцветани цветови од липа, 1 литар вода, 800 г шеќер и 4 лимони – сок
Додатоци по желба: 1 рака цветови од ружа (само латици, венечни ливчиња), 3 расцветани цветови од лаванда, 2 см парче корен од ѓумбир, или повеќе, 2 цветови од бозел, 1 непрскан портокал – кора
Постапка: земете ги само цветчињата од липа, односно отстранете го она долгнавесто ливче на кое расте цветното стебленце. По желба одлучете се за еден или два од наведените додатоци.
Цветовите од липа и додатоците потопете ги во вода, најдобро во голема тегла со цврст капак, затворете и оставете да отстои 1-2 дена. Ако е многу топло времето, не подолго од еден ден.
Процедете ја течноста низ густа газа, поставена на цедалка. Течноста истурете ја во длабок лонец, додајте шеќер и загрејте до вриење. Кога ќе проврие, варете 3 минути со мешање. Додадете сок од лимон, исто така процеден и оставете повторно да проврие.
Штом проврие, тргнете од оган и складирајте во стерилни шишиња. Добро затворете ги.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ЛИКЕР ОД ЛИПА: 500 мл сируп од липа, 500 мл ракија со неутрален вкус (водка, бел рум или некој друг ал-кохолен пијалак по желба. Можете да додадете и други состојки по желба.
Постапка: изладениот сируп измешајте го со алкохолот и наполнете едно шише.
Можете да ставите додатоци по желба. Затворените шишиња може да стојат повеќе месеци на собна температура. Еднаш кога ќе се отворат се чуваат во фрижидер.
Ликерот се чува во фрижидер, повеќе поради подобриот вкус отколку поради расипливоста. Сирупот се разредува со ладна вода според вкус. Може зимно време да се пие како топол напиток, односно како замена за чај.
Бидејќи липата поттикнува потење, сирупот е идеален за врелите летни месеци, како и за зима кога ќе ве фати настинка. Ликерот секогаш се послужува разладен.