Копривата спаѓа меѓу најздравите билки кои постојат и кои им се достапни на луѓето. Се користи за лекување на голем број заболувања, особено бубрежни болести и слабокрвност.

Доколку одлучите да го приготвите овој рецепт, ви советуваме копривата да ја берете од ливада и природа подалеку од градот…

Ви нудиме две верзии за приготвување на овој лековит сируп, па вие одлучете кој повеќе ви одговата.

РЕЦЕПТ 1

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

120 врвови од коприва

6 литри вода

2 поголеми лимони, излупени и исечкани на коцки

4 кг шеќер

120 г лимонска киселина

РЕЦЕПТ 2

потребни состојки:

40 врвови коприва

3 литри вода

1 кг шеќер

5 лимони

*кога ја берете копривата, тоа правете го со ракавици, а кинете го само врвот и три ливчиња подолу.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Копривата и лимоните се ставаат во водата да отстојат 24 часа, па потоа се процедуваат и добро се истискува.

Се додава шеќер и се меша на многу тивок оган додека да се растопи или мешајте го ладниот сируп малку подолго, додека целосно да излади. Кога ќе излади, се додава лимонска киселина и повторно се промешува.

Сирупот се префрла во стаклени шишиња и е спремен за пиење.

Во вториот рецепт содржи повеќе лимон и не е потребна лимонска киселина.

Се чува во фрижидер.