Зошто притисокот треба да се мери и на левата и на десната рака, советуваат лекарите, бидејќи евентуалната разлика би можела да биде ран предупредувачки знак. Прочитајте подолу за сознанието до кое дошле научниците, на што би можело да укажува разликата во измерениот притисок од едната и другата рака.
Оваа разлика која го покажува притисокот помеѓу двете раце би можела да биде знак за предупре-дување за иден срцев или мозочен у-дар, според новата мета анализа од глобалната студија објавена во научното списание Hipertension.
Новата студија открила дека за секој степен разлика помеѓу двете раце од појавата на срцев или мозочен у-дар во текот на следните 10 години живот, се зголемува за 1 %. Оваа студија укажува на тоа, дека колку е поголема разликата во кр-вниот притисок помеѓу двете раце, толку е и поголем васкуларниот ризик.
Затоа од пресудно значење е да се мери притисокот и на двете раце, за да може да се утврди кај кои пациенти може да биде значително зголемен ри-зикот, нагласуваат лекарите. Разликата од 10 повеќе или помалку, се смета за нормално варирање и не претставува причина за загриженост.
Меѓутоа, доколку се појави некоја поголема разлика при мерењето на притисокот помеѓу двете раце, тоа би можело да биде знак за стеснување или окруту-вање на артериите, што би можело да влијае врз протокот на кр-вта и лоша циркуалација.
Ако дома го мерите притисокот, треба да знаете дека не треба да пушите, да пиете напитоци со кофеин или да вежбате најмалку половина час пред мерењето на притисокот. Исто така, потребно е да го испразните и мочниот меур. Седнете со исправен грб и потпрени.
Сигурно ќе ве интересира да ја прочитате и следната статија: Оваа намирница не смеете да ја јадете ако имате висок крвен притисок – докторка објасни што да се прави, како правилно да се мери притисокот и која е најдобрата исхрана за регулирање на високиот притисок
Не боли и долго не дава никакви симптоми, затоа високиот крвен притисок го нарекуваат тивок убиец. Не бира, ги погодува и мажите и жените на сите возрасти. Експертите советуваат редовни контроли, бидејќи голем број луѓе не знаат дека боледуваат од хипертензија.
“Виновниците за зголемен кр-вен притисок сме најчесто ние самите. Во мал број случаи, некаде околу 5%, постои некое друго заболување кое предизвикува зголемување на притисокот, па со лекување на другата болест, го лекуваме и притисокот.
Но, просто кажано, високиот притисок е последица на погрешен начин на живеење и погрешен однос кон самите себеси” – изјави кардиологот д-р Марија Здравковиќ.
Докторката објаснува дека една од основните причини е начинот на исхрана кој не е добар за кардиоваскуларниот систем (оброци богати со калории а сиромашни со нутриенти).
Како фактор ризик ја наведува и дебелината, како и недостигот од намалена физичка активност. Знаци кои најавуваат дека нешто не е во ред со притисокот се: честа главоболка, недостиг на сила, малаксалост, вртоглавица, болка во градите…
Високиот крвен притисок негативно влијае не само на срцето, туку и на останатите органи, на бубрезите и мозокот, а тука е и процесот на забрзаното стареење на крвните садови и целиот организам, за што како последица може да се јави инфаркт на миокардот – наведува докторката.
Таа смета дека најлошо е кога притисокот го лекуваме со лекови, но некогаш пациентот мора да добие и лекови. Таа препорачува прво да се регулира телесната тежина, да се промени начинот на исхрана, да се спие доволно и да се вклучи физичка активност.
КАКО ПРАВИЛНО СЕ МЕРИ ПРИТИСОКОТ – “Правилно мерење на притисокот бара пет минути да седите во една соба, каде нема телевизор ниту галама. Да мирувате тие 5 минути, па потоа да го измерите притисокот. Може да се мери на лева или десна рака, а раката треба да биде исправена а манџетната да биде на местото на артеријата, во ниво на лактот.
ХРАНА И РЕГУЛИРАЊЕ НА ПРИТИСОКОТ – На нашето мени секојдневно треба да има свеж зеленчук и овошје, мешунки, семки, риба и моркси плодови, интегрални житарици и маслиново масло. Поретко треба да се консумира месо, млеко и млечни производи.
Целосно треба да се исклучат намирници како што се шеќерот и производите од бело брашно, транс мастите, солени сирења и сувомеснати производи. Дури, ниту туршијата не е препорачлива да се јаде при хипертензија, а солта и намирници што содржат натриум да се сведат на минимум.
Прочитајте ја и следната статија: Го мерите притисокот дома? Еве каде би можеле да погрешите… За високиот крвен притисок велиме дека е тивок у-биец, бидејќи болните можат да живеат со многу високи вредности на крвен притисок, а без видливи симптоми.
Овој текст ќе ви помогне да научите како правилно да го мерите во домашни услови… Мерењето на крвниот притисок дома, не може да се спореди со мерењето кај вашиот лекар, но тоа не значи дека треба да се откажете од самостојното мерење и следење на притисокот.
Имено, во различни услови, може да се добијат различни резултати при мерењето на крвниот притисок. Дома сме многу поопуштени и помирни, што веројатно ќе резултира со понизок притисок. Важно е да се знае: високиот крвен притисок е самостојна болест.
Само 5% од заболените имаат висок притисок како последица од некои други болести. Според стандардните препораки, еден просечен пациент со висок притисок би требало да врши мерење 2-3 пати седмично во различно време. После периодот помеѓу шест и осум седмици може да се донесе заклучок за движењето на крвниот притисок.
Класификација на вредностите: -Состојбата на притисокот е оптимална, доколку систолниот притисок е помал од 120, а дијастолниот помал од 80. -Состојбата на притисокот е нормална ако систолниот е помал од 130, а дијастолниот е помал од 85.
-Состојбата е на граница ако систолниот е помеѓу 130 и 139, а дијастолниот помеѓу 85 и 89. Во тој случај мора повторно да се контролира во следните неколку месеци до година дена. –Прв степен на хипертензија подразбира систолен притисок помеѓу 140 и 159, а дијастолен помеѓу 90 и 99. Се препорачува контрола за два месеци.
–Втор степен на хипертензија се подразбира, кога систолниот притисок е помеѓу 160 и 179, а дијастолниот помеѓу 100 и 109. Во тој случај мора да го контролирате притисокот кај вашиот лекар за еден месец.
–Трет степен на хипертензија подразбира систолен притисок од 180 па нагоре и дијастолен од 110 па нагоре. Се препорачува лекарска помош и контрола за една седмица. Покрај тоа, потребно е да се регулира телесната тежина доколку постојат вишок килограми и да се коригира исхраната.
КАКО МОЖЕТЕ САМИ ДА ГО ИЗМЕРИТЕ КРВНИОТ ПРИТИСОК? 1.Опуштете се. Мирно седнете со стапалата на под. 2.Температурата во просторијата во која го мерите крвниот притисок не смее да биде ниту превисока, ниту прениска.
3.Раката на која го мерите крвниот притисок мора да биде положена на тврда подлога и во ниво на срцето. 4.Внимавајте “манжетната” да биде со соодветни димензии и правилно да биде поставена. 5.Пред мерењето не смеете да пушите ниту да пиете кафе. 6.Ако користите терапија, крвниот притисок мерете го пред и после земањето на терапијата.
7.Мерете го притисокот најмалку двапати во текот на денот, наутро и навечер. Секојпат измерете го двапати со растојание од 3 до 5 минути помеѓу мерењата.
8.Запишувајте ги вредностите на крвниот притисок за да можете да ја пресметате средната вредност.
9.Состојбата на крвниот притисок се одредува со пресметување на просечната вредност во определен временски период (месец дена), ако не постои потреба за одење на лекар претходно, поради измерени високи вредности (2 и 3 степен хипертензија).