Маст, леб и црвен пипер – јадење деликатес од нашето детство. Маст, леб и црвен пипер беше јадење деликатес од нашето детство, маста се јадеше и како лек и како храна. Постарите генерации знаат за ова јадење во времиња кога не постоеја толку предрасуди за користењето на маста во кујната, здравјето, па и во козметички цели.
Секој има право на избор и мислење дали ќе ја користи маста или не. Сите ние како деца барем еднаш сме го пробале ова јадење кое додека трепнеш ни го приготвуваа нашите баби. Без разлика дали тоа беше топол леб, погача или ладен леб, сосем беше неважно.
Парчето леб намачкано со маст, посолено и наросено со црвен пипер во прав или буковец ни беше вистински деликатес со кој истрчувавме на улица да си играме…немаше ништо послатко. Маста испрана во девет води е добро познат лек кој им се става на децата во нос, а кај возрасните исто така помага при затнат нос или бронхитис.
Од маста се приготвуваа и разни креми за сува кожа и разни билковни мевмеми. Најубавата храна се приготвуваше со маст: печени компири, зелници, пити, ванилици, разни колачи… Се користеше домашна маст, а не индустриска, што е многу важно.
Многумина можеби ќе речат “фуј”, а други можеби ќе уживаат во видеото и ќе се потсетат како некогаш се јадеше… Оние што боледуваат од тешки заболувања, секако маста треба да ја одбегнуваат. Во секој случај, не треба да се претерува, туку да се биде умере. Сите детали можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
ПРОЧИТАЈТЕ – Српски доктор советува: Давајте им на децата да јадат маст, сирење, ајвар, мачкајте им леб. Било што само не благо. “Во последно време диетите станаа многу популарни, но тие и натаму не се здрави и не се советува нивна примена”, вели проф. д-р Дејан Чубрило, физиолог.
“Апсолутно не верувам во диетите. Не ми е нормално некој за десет дена да изгуби голем процент масти. Црниот дроб е многу важен орган, тој ја грее кр-вта. Кр-вта е клучна за нашиот организам, а диетите лошо влијаат врз функционирањето на црниот дроб, а со самото тоа и на лошо функционирање на организмот.
Сè е во исхраната”, вели Чубрило. Тој смета дека сите во Србија (и на Балканот, воопшто) јадат повеќе отколку што им е потребно. “Ние живееме од нашите масти, доколку имаме услов да ги топиме. Сè што ќе изедете, треба и да потрошите, односно мастите да ги претворите во мускули и здрава енергија”, вели овој физиолог.
Експертот додава дека нема врска колку често вршите нужда, со тоа колку ви е брз метаболизмот, бидејќи честите излегувања во тоалет значат дека не ви функционира организмот како што треба, па сè што ќе изедете само ќе ви помине низ организмот.
“Нашите деца јадат премногу, јадат често и тоа храна која го подига инсулинот. Тоа е магичен круг кој на крајот резултира со задржување на вода. На децата давајте им да јадат масти: сланина, сирење, полномасно сирење, кајмак, ајвар, мачкајте им леб…
Не мора лебот да биде интегрален, било каков, обичен леб, подобро било што отколку да им давате слатки”, вели Чубрило, констатирајќи дека во детската возраст маста го храни организмот. “Доколку детето има нормален раст и исхрана, се создава здрав организам и сите органи функционираат како што треба.
Затоа можат да изедат и нешто нездраво понекогаш, не треба ништо да им се забранува да јадат”, вели експертот и додава дека секоја диета со која спречувате голем внес на храна – е корисна диета. Телото треба да се ослободи од вишокот вода.
“Треба да се губат водата и гасовите од диетата, а не мастите”, вели физиологот. “Кој не ја вари добро храната, има гасови, што создава нервоза и психички проблеми, се блокира целиот организам, значи некоја диета можеби делува на губиток на килограмите, но таа предизвикува многу поголеми проблеми во организмот. Секој оној кој е гладен има пореметување во организмот”, заклучува Чубрило.
ПРОЧИТАЈТЕ – Свинската маст е лек за хемороиди, стрии, акни – РЕЦЕПТИ. Покрај познатата традиционална примена во исхраната, свинската маст се користи и за лекување на поедини болести. Она што е потребно: чистење на свинската маст во 9 води.
Што значи тоа? Тоа значи дека свинската маст се испира во вода девет пати, т.е. процес кој треба да се повтори толку пати за да се добие идеална маст. Лекување на гине-колошки проблеми – Свинската маст често се користи кога жените имаат воспалени јајници и непријатен секрет.
За овој третман потребно ви е: -тампон од стерилна газа, кој се потопува во свинска маст (помината низ 9 води). Се остава да делува во ваг-ина-та преку цела ноќ, а третманот трае една седмица. Лек против кашлица и бронхитис – Кај децата често се користи во облик на лек за кашлица и бронхитис.
Многу лесно се приготвува: се прави облога за грло и така е најделотворна. Треба да се внимава и не смее да се користи доколку детето има висока температура. Помага во лекување и на настинки и кивавица. Лек за хемороиди – Едно од најнепријатните работи се хемороидите, бидејќи многу тешко луѓето се ослободуваат од нив.
Еден од начините е со помош на свинска маст. Се нанесува на болното место и тогаш може да придонесе за намалување, па дури и целосно спречување на јадежот, чувството на силно печење, црвенило и воспаление.
За кожа (акни) – Ако подолго време имате проблем со акни кои никако не ви поминуваат, обидете се со премачкување на лицето или телото каде тие се јавуваат, со свинска маст.
Во народната медицина, исто така, свинската маст се употребува и за негување на испукани пети, лактови и за суви раце. За идеална коса – Ако имате сува коса, свинската маст ќе ви помогне. Оние кои користеле свинска маст за коса, велат дека нивната коса станала многу поубава и побујна.
Третманот е многу едноставен: маста треба да се нанесе на косата пред миење, односно, на валкана коса. После миењето, треба да се исплакне со чај од камилица. Резултатите се извонредни. Свинска маст во креми за лице – Постојат и креми кои се приготвуваат во домашни услови.
Бидејќи свинската маст нема баш многу убав мирис, во неа се додаваат сода бикарбона, камилица и невен, за да се подобри тој мирис. Против акни и стрии – Како природен лек, свинската маст е идеална за стрии и акни. Жените кои тукушто се породиле, често имаат проблем со стриите.
За нив свинската маст е она што им е потребно. Непријатниот мирис на свинската маст може да се неутрализира со мешање на некој друг крем, а потоа добро да се втрие на местото каде се појавиле стриите. Овој крем треба да се употребува подолго време.
Лекување на синуси – Болките кои се јавуваат поради синуси кај некои луѓе буквално се неподносливи. Треба да се пробаат повеќе методи, а еден од нив е лекувањето со помош на свинска маст.
Со помош на стапче за уши намачкајте маст на почетниот дел од носниците, а потоа затворете ги. Додека лежите на грб, маста ќе делува и ќе ги ублажи болките кои се јавуваат поради воспалените синуси. Оваа постапка можете да ја повторувате неколку пати дневно.