Прочуениот лекар Ричард Шулц открива рецепт кој го нарекол “Супер-тоник”, бидејќи помага во лекувањето на мнобројни здравствени состојби.

Тинктурите се едни од најдобрите природни лекови, пред сè затоа што извлекуваат и чуваат во себе сè што е најдоброто од билките. Од друга страна, многу се силни, па треба внимателно да се користат.

Иако тинктурите обично се прават со алкохол, сепак, треба да знаете дека и јаболковата киселина е совршен растворувач ако сакате да направите тоник-тинтура.

Не само што овој тоник е 100% нетоксичен, туку поседува и бројни лековити својства:

-помага во регулирање на киселоста на организмот

-помага во регулирање на дигестивниот тракт

-има силно антимикробно дејство

-го намалува холестеролот

-помага при чувствителност на инсулин

-има антифугални, антибактериски и антивирусни својства

-го јакне имунолошкиот систем

Д-р Ричард Шулц нагласува дека е потребно да користите органски состојки или истите сами да ги одгледувате, за да може да ги извлечете од нив позитивните ефекти.

Потребни состојки:

1 најлута пиперка која можете да ја набавите
1 цела главица лук
1 главица црвен кромид
1 корен од ѓумбир
1 корен од рен
нерафинирана, органска јаболкова киселина

Постапка:

Овој тоник се приготвува исто како и сите тинктури: состојките измијте ги, излупете ги, изрендајте ги или исечкајте ги ситно, ставете ги во една голема стаклена тегла и прелијте ги со јаболкова киселина, три прста над нив.

Ставете решеткаст потиснувач за да не испливува зеленчукот на површина. Поклопете го и оставете на темно место да отстои барем 2-6 седмици. Колку подолго стои, толку ќе станува посилен, а повременот потребно е да го протресувате.

За полесно користење, по изминатиот период смесата процедете ја низ густа газа. Тоникот складирајте го во мали теглички. Се чува на темно, ладно место. Остатоците од билките можете да ги замрзнете и да ги додавате во супи и други јадења.

Употреба: една ракиена чаша од 20-30 мл е доволна во текот на денот, меѓутоа, доколку се борите со тешки инфекции, може да земете 5 или 6 дози дневно.

Се користи за подобро варење, за имунитет и лекување на разни болести. Може да додадете и малку мед за подобрување на вкусот. Во текот на денот потребно е да пиете и доста вода.