Синузитис претставува воспаление на слузокожата на синусите. Ова воспаление е многу честа појава и речиси сите барем еднаш имале проблеми со синусите со најчестите пропратни симптоми како што се: б олка, оток или назална конгестија.
Синусите се мали шуплини во внатрешноста на черепот кои се исполнети со воздух. Тие создаваат слуз што има за задача да ги навлажни носните шуплини и да ги отстрани сите алергени или патогени честички.
За време на воспалението се јавува оток на ткивото во внатрешноста на носните шуплини, така што синусите се затвораат, а слузта и воздухот остануваат „заробени”, а како резултат на тоа се јавува б олка, оток и отежнато дишење.
Сето ова создава впечаток на голем притисок и б олка во пределот на носот и челото, и ако воспалението е проследено со бактериска инфекција, симптомите се влошуваат, а состојбата станува покомп-лицирана доколку навремено не се започне со третман.
Синузитисот може да биде: акутен кој трае до 4 недели, честопати е поврзан со настинка и треска, по што симптомите на болеста се повлекуваат или хроничен – точната причина е непозната и тешко е да се излекува.
Воспалението трае неколку недели и може да трае до неколку години со влошување или намалување на симптомите. Предизвикува постојано чувство на замор и слабост на организмот. Воспалението на синуси може да се појави поради настинка или алергии, а кај луѓе кои имаат слаб имунолошки систем, појавата на габи можат да доведат до синузитис.
И акутниот и хроничниот синузитис имаат слични или исти симптоми, а некои од најчестите се: притисок и б олка на лицето, особено во пределот на челото, очите и настанува опструкција на дишните патишта, намалено чувство за вкус и мирис кај возрасните, а кашлица често се јавува кај децата.
Воспалението на синусите може да се појави поради дејство од различни причини, како што се разни надворешни алергени или под дејство на храна како млеко, глутен или вештачки адитиви.
Зголемете ја влажноста – Навлажнувањето на воздухот со домашен навлажнувач може да спречи иритација на дишните патишта поради сувост на истиот.
Правете инхалација – можете да ја вдишите влажната пареа користејќи топла зовриена вода во комбинација со диво оригано кое ќе ги отвори дишните патишта, а воедно има и антивоспалително дејство. Вдишувањето на влажниот воздух за време на туширањето исто така може да помогне. И двата методи дефинитивно ќе ви помогнат како лек за затнатите и потечени синуси.
Користете солен раствор
Секој солен раствор, без додаден лек, ги одржува носните патишта влажни. Исплакнете ги носните шуплини со шприц во кој ќе додадете морска вода/солена вода најмалку двапати на ден, и на овој начин ќе ја отстраните и слузта од носот што ја блокира проодноста на дишните патишта.
Доколку се одлучите сами да си направите раствор на солена вода, користете зовриена или дестилирана вода за да спречите можност за развој на бактерии. Избегнувајте пушење, ал-кохол, кафе и засладени сокови бидејќи сите тие го дехидрираат вашето тело и доведуваат до задебелување на секретите во носот.
Одморајте го телото
Дајте му на вашето тело сила и енергија преку осумчасовен сон и одмор, за да може да се справи со постојното воспаление, особено ако станува збор за синусна инфекција.
Билен чај како основен лек за синузитис
Со својата пареа, билните чаеви имаат корисен ефект кој ги релаксира мускулите и го намалува чувството на притисок и б олка. Пиејќи чај, покрај хидрирањето, влијаете и на разредување на секретите во носот, што потоа полесно се исфрла слузта од затнатиот нос. Најдобри и најсоодветни чаеви против синузитис се: нане, камилица, еукалиптус, капина, мајчина душица, слаткарче ѓумбир и бел слез.
Природните сирупи исто така, се покажале како одличен третман за синузитис, а лекарите советуваат дека овие сирупи може да се користат доколку симптомите сè уште се во почетна фаза и можат да го спречат текот на воспалението.
Направете природен сируп за расчистување на носот и синусите користејќи црн пипер измешан со јаболков оцет и сок од лимон. Состојките во оваа чудесна смеса имаат силно антиинфламаторно дејство, а јаболковиот оцет го зајакнува имунитетот и му овозможува на организмот да се справи со инфекцијата.
Потребни состојки: ¼ чаши вода, ¼ чаши јаболков оцет, 1 лажица мед, 1 лажичка црн пипер, 1 парче лимон.
Подготовка: Водата зовријте ја, потоа тргнете ја од оган и измешајте ја со јаболковиот оцет. Потоа додајте црн пипер и мед и измешајте добро. На крај исцедете го сокот од лимон. Длабоко вдишете ја пареата и започнете да ја пиете овoj магичен напиток.
Корен од куркума и ѓумбир – Куркумата е индиски зачин со исклучително пријатна арома која има силно антиинфламаторно и антиоксидативно дејство. Кога се комбинира со коренот од ѓумбир во форма на чај, ве ослободува од притисок, б олка и слуз и ги ублажува сите симптоми на синузитис, па затоа е одличен лек за синусите.
Подготовка: Во зовриена вода ставете малку куркума и корен од ѓумбир, поклопете и оставете да отстои 30 минути. Пијте од чајот трипати на ден пред секој главен оброк.
Јаболков оцет – Измешајте 2-3 лажици јаболков оцет во чаша топла вода или чај и пијте трипати на ден. Ова ќе ја разреди секрецијата и акумулираната слуз од носот. Ако сакате, можете да додадете мед и лимон во оцетниот раствор.
Користете ладни и топли облоги наизменично
Натопете марамче или мала крпа во топла вода (внимавајте да не се изгорите), извадете ја и ставете ја преку челото, носот, очите и образите. Држете околу три минути, а потоа ставете ладна компресија на истиот дел од лицето и држете ја 30 секунди.
Овие топли и ладни облоги користете ги во три серии. Користете го овој третман два до четирипати на ден за да ја намалите б олката, отокот и побрзо да се ослободите од густите секрети од носните шуплини.
Консумирајте многу витамин Ц
Витамин Ц може да го внесете преку консумирање на овошје и зеленчук. Исто толку е важно да консумирате и храна богата со витамин А, Д, цинк, како и омега – 3 масни киселини. Покрај зајакнувањето на општата состојба на телото, додатоците исто така решаваат проблеми со кожата, регулираат хормонална нерамнотежа и елиминираат многу автоимуни нарушувања во организмот.
Кога синусниот канал е забетониран и не можете да дишете, оваа смеса за инхалирање ќе го про-бие за 2-3 дена. Понекогаш синусите толку можат да се воспалат и затнат, што дишењето е оневозможено, особено навечер при спиење.
Се будите ненаспани и оваа состојба преминува во хронична, бидејќи веќе ниеден спреј не ви помага или веќе сте станале зависни од нив. Слузокожата во носните ноздрви е многу нежна со површински капилари, па лесно може да дојде до нивно пукање.
Особено силното дување не се препорачува кога постои опасност од инфекција, кога лесно може да премине и на увото. Затоа, следете ги упатставата за приготвување на оваа смеса за инхалирање и за само неколку денови ослободете се од тегобите и главоболките и почнете да дишете нормално.
Потребни состојки: 1 литар вода, 2-3 компири, 1 бела репка (онаа со розеникава нијанса, а може и црна), 1 шака камилица, 1 шака корен од бел слез.
Постапка: Зеленчукот убаво измијте го и исечете го на парчиња без лупење. Ставете го вода заедно со камилицата и слезот, најдобро е да бидат домашни, но ако немате, може и купечки.
Ставете на оган сето заедно да зоврие колку малку да омекне, па инхалирајте се со оваа пареа колку можете. После инхалација не смеете да излегувате надвор ниту да седете на провев со отворен прозор. Истата оваа смеса и течност сочувајте ја, со неа можете да се инхалирате и следните неколку денови, само претходно загрејте ја.
Ќе почувствувате како секретот од синусите омекнува и за 2-3 дена ќе ви протече низ нос. Во овој период многу е важно да правите гаргара со солена вода додека да се исчистите целосно. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска