Aјдучката трева е отпорна билка позната како столисник, а може да биде висока до 80 цм. Бојата на стеблото е светло зелена или црвено-кафеава. Има мноштво пердувести лисја. Целото растение има многу пријатен мирис. Малите ливчиња се бели или виолетово-црвени.
Ајдучката трева расте покрај патиштата и во полјаните со континентална клима. Таа има бели цветови кои цветаат од јуни до август. Оваа лековита билка се бере за време на цветањето во пролетните денови, а листовите се берат до есен.
Надземниот дел на билката во време на цветање содржи 1% етерично масло, флавоноиди, витамин К, горчлива материја – ахилеин, смола и танини. Ајдучката трева е распространета низ цела Европа и позната е кај народот уште многу одамна.
Расте на суви и на умерено влажни простори како ливади и пасишта. Добро ги поднесува и ниските и високите температури. Се собираат горните делови на билката или пак само цветовите кои се ситно бели собрани во соцветија во облик на штит.
Стебленцето на билката нема лековити својства. Билката има специфична арома и горчлив вкус. Горчливиот вкус доаѓа од горчливата материја ахилеин. Оваа билка содржи и многу танини, провитамин А, витамин К, калиум, флавоноиди, инулин и етерично масло богато со пинен, цинеол и хамазулен.
Колку етеричното масло е побогато со хамазулен, толку бојата е поинтензивно сина. Хамазуленот е многу ценета состојка која се користи во производство на скапите креми и масла за сончање. Дејствува против воспаленија на слузокожа и кожа.
Ајдучката трева уште одамна се користела во народната медицина, а претставува омилено лековито средство кое се користи и во современата медицина. Најчесто се употребува кај желудечно-цревните заболувања, при грозница, зголемен кр-вен притисок, како средство за сопирање на кр-вавењето и при мозочни и срцеви тромбози.
Освен тоа, ајдучката трева се користи и како јако антибактериско средство против бактериите како стафилококи, Ешерихија коли, кандида и други микроорганизми. Во народната медицина се користи за зараснување на ра-ните и за намалување на б олката.
Ајдучката трева се користи во составот на некои чаеви за прочистување на организмот, за зголемено излачување на жолчна киселина, за нормализирање на метаболизмот и за смирување. Може да се користи и за испирање на ра-ни и за подготовка на купки и облози.
Поради присуството на витамин Ц, ајдучката трева се користи при кр-вавење и при лекување на хемороиди. Горчливата состојка ахилеин, заедно со танините и витаминот К, ја прави билката погодна за сопирање на внатрешни и надворешни кр-вавења.
При користењето на ајдучката трева треба да се знае дека кај осетливите лица може да предизвика алерегија. Затоа лицата со чувствителна кожа треба да користат само млади, процветани билки, а чајот да го пијат во помали количини.
Во народната медицина познато е нејзиното лековито дејство во смирувањето на воспалението на кожата и слузокожата, во лекувањето на ра-ните и г-нојните процеси. Етеричното масло од ајдучката трева е ефикасно против гасови, б олки и гр-чеви во стомакот. Цинеолот од ова масло ги уни-штува патогените микроорганизми и се употребува против цревните паразити.
Ајдучката трева се препорачува против дијареа, воспалени хемороиди и други цревни заболувања. Од истите причини се употребува против воспалени слузници на усната шуплина, грлото, при фарингит и ларингит.
Билката има способност да ја зајакнува мускулатурата на мат-ката и да ја нормализира обилната мен-струација. Ајдучката трева ги намалува стомачните тегоби, а доколку се комбинираат бањи од ајдучка трева пред мен-струацијата, нема да почувствувате никакви б олки кога ќе дојде.
Екстрактите од ајдучка трева се делотворни и при цисти и воспаление на јајниците, миоми на мат-ка и ендометриоза. Поради диуретичното дејство и изобилството на минерали, ајдучката трева се применува за лекување на бубрежните заболувања.
Како добар диуретик, таа го елиминира вишокот течности во организмот, поради што е корисна и при срцеви заболувања, особено против проблеми со циркулацијата. Се препорачува редовно да се користи при менопауза бидејќи ги ублажува тегобите и помага за намалување на потењето.
Цветовите и лисјата имаат лековити својства. Тие се сушат на ветровити места на температура од 35 до 50 °С. При сушење се чуваат во кутии заштитени од светлина во период од една година. Цветовите имаат ароматичен мирис и горчлив вкус.
Ајдучката трева се смета за една од најлековитите растенија на нашите простори. Во медицина се користи како антибактериско средство против Ешерихија коли, кандида и други бактерии. Се користи во органско одгледување овошје и зеленчук. Го збогатува природното ѓубриво и го спречува развојот на пато-гени бактерии.
Тинктура рецепт за проблеми со дигестивен систем и проблеми со варењето
Се берат цветови од ајдучка трева на сончево време, се полни тегла или шише до врвот и се прелива со житна или овошна ракија со јачина од 38-40%. Се остава на топло 2-3 седмици по што се процедува. Се пие по една супена лажица наутро и навечер.
I Рецепт: Маст за хемороиди
Се загреваат 90 грама путер несолен или свинска маст, па се додава 15 грама свежи иситнет цвет од ајдучка трева и 15 г ситно исечкани листови од малина. Се остава да зоврие, па се промешува и се трга од рингла. Следниот ден повторно се загрева на тивко да се растопи, се процедува и се складира во соодветен саф. Се чува во фрижидер.
II Рецепт: Маст за хемороиди II
Еднаква количина ајдучка трева и машки тегавец, околу 50 грама од секоја билка се меша со 500 г свинска маст. Се вари на тивко 10 минути и се остава да излади преку цела ноќ. Следниот ден повторно се загрева за да се растопи, се процедува и се складира во сад.
Маста се чува на ладно и темно место. Со маста се мачкаат надворешни хемороиди, повеќе пати во денот, а за внатрешни се прават чепови во калапчиња кои потоа се замрзнуваат.
Сок од ајдучка трева со вкус на швепс
Потребни состојки: 40 китки бела ајдучка трева, 3 лимонтуси, 4 лимони, 1 кг шеќер, 10 литри вода.
Постапка: Сите состојки се сечкаат ситно и се прелеваат со 10 литри вода. Се остава да отстои 24 часа, потоа се цеди низ цедалка и се складира во шишиња. Шишињата се затвораат и се оставаат на сонце да отстојат 24 часа. После овој период сокот е спремен за кон-сумирање.
Сокот се приготвува од бела ајдучка трева, се кинат цветови со 6-7 центиметри гранчиња и ливчиња. Добиениот сок има вкус на швепс и многу е добар за здравјето.
Чај од ајдучка трева – рецепт
Потребни состојки: 1 мала лажичка суви листови и цвет, 1 шолја врела вода.
Постапка: Една мала лажичка сув лист и цвет се прелива со една шолја врела вода и се остава 15 минути поклопено. Потоа се процедува и се пијат по две шолји дневно, топло и незасладено. Се пие за кр-вавење од нос, доволно е да се испие една шолја дневно топол чај, во голтки.
Лековито вино од ајдучка трева – рецепт
Потребни состојки: 2 лажици ајдучка трева, 500 мл бело вино.
Постапка: Две лажици билка варете ги 10 минути во 500 мл бело вино. Секој ден се пие по 250 мл од ова вино. Извонреден лек за слаб организам, слаб апетит, кр-вава столица, желудочни проблеми и песок и ситни камчиња во уринарен тракт.
Лековита тинктура – ликер од ајдучка трева
Потребни состојки: свежи листови и цвет од ајдучка трева, кафеав шеќер (за ликер) и ракија.
Постапка: Се полни шише или тегла со сечкана свежа билка, се прелива со ракија и се остава три седмици на сонце или на топло место. Потоа се процедува и се добива одлична тинктура. Ако се додаде шеќер се добива одличен ликер. Се пие наутро и навечер по една голема лажица, како лек.
Лек за тумор на мат-ка и јајници од ајдучка трева и невен – рецепт
Потребни состојки: цвет од невен, цвет и лист од ајдучка трева, шведска горчливка – напиток. Мерка на чајот: 250 мл.
Постапка: Се мешаат еднакви делови цвет од невен и цвет и лист од ајдучка трева. 6 лажици мешавина (невен и ајдучка трева во еднакви делови) на 250 мл вода. 3 х 1 лажица шведска горчливка (од аптека).
Начин на кон-сумирање: Чајот се пие по трипати на ден, по околу 85 – 90 мл, вкупно 250 мл за цел ден. Најдобро е да го пиете во мали голтки, секогаш свежо приготвен. Половина час пред оброк во малку чај се додава една лажица шведска горчливка и се пие малку по малку.
Дневна доза е околу 250 мл чај и 3 лажици шведска горчливка. Невенот се смета за природно лековито средство против р-ак. Дури и кога не е можна опера-ција, се препорачува пиење на чај од невен во подолг временски период.
Ајдучка трева е најдобра билка за жени и стомачни тегоби. Се употребува за сите видови на тегоби поврзани со мат-ката и јајниците. Без разлика дали станува збор за воспаленија, цис-ти, проблеми поврзани со мен-струација, менопауза.. Ајдучката трева има силно дејство и лекува долгогодишни гине-колошки проблеми.
Кај теш-ки заболувања се препорачува чајот од ајдучка трева да се пие колку повеќе, колку што може да се поднесе. И двете билки се познати по тоа што одлично ја чистат кр-вта.
Шведската горчливка се смета за средство кое лекува р-ак и се користи без исклучоци кај сите заболувања. Комбинацијата од овие две билки дава одлична комбинација за лекување на заболени јајници и мат-ка.
Без разлика дали станува збор за ци-сти, воспаленија или ту-мори, па дури и во поодминат стадиум на болеста, овој чај може да помогне. Исто така, овој чај помага и при проблеми со дој-ките, односно се смета за средство кое суз-бива рак на дој-ка. Во тој случај, во оваа чајна мешавина се додава и коприва. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска