Здраво, ова е лек за сите болести на грлото како полипи, засипнатост и слично. Рецептот го доби мајка ми од една жена која со примена на овој лек избегнала операција на грло поради присуство на полипи.

Според оваа жена, овој лек е погоден за сите останати здравствени проблеми поврзани со грлото. А по мое мислење, применливо е само кај возрасни.

Потребни состојки:

1 корен од билката Селен (Levisticum officinale)

1 литар ракија (комова или сливова)

Постапка:

Измијте го и исчистете го надворешниот дел од коренот (исто како што чистите морков на пример), малку истругајте го надворешниот слој, исечкајте го на помали парчиња кои ќе можат да влезат во грлото од шишето.

Ставете го коренот во шише од 1 литар, прелијте со 1/2 ракија. Оставете да отстои 7 дена. Потоа додадете уште 1/2 ракија.

Овој алкохолен раствор од Селен се користи 5-6 пати дневно за испирање (гаргарење) на грлото. Корењата се оставаат и натаму во шишето.

РАСТВОРОТ ПОСЛЕ ИСПИРАЊЕТО СЕ ИСПЛУКУВА, НЕ СМЕЕ ДА СЕ ГОЛТА.

Повеќе за билката:

Селенот има диуретично дејство, ја зголемува диурезата и влијае антисептично при болести на уринарните патишта. Селенот ја подобрува дигестијата и работата на жолчката и ја ублажува кашлицата при бронхитис.

Зелените делови имаат вкус кој потсетува на магдонос и целер.

Коренот содржи фунарокомарини кои може да доведат до фотосензитивност.

Коментар на Bratislav Ilic: “Aj probajte poednostavno i podobro.

Karanfilcinja tri sabajle,tri porucek ,tri navecer.

Edna nedela da se dzvakaat,i da ne se pluka,tuku da se golta plunkata.

Otkako ke zavrsi dejstvoto na karanfilcinjata isplukajte gi.

Seto toa se povtoruva redovno edna nedela.”