Лек за јакнење на слузокожата на грлото, против кашлица и воспаленија. Фото и рецепт: Веселинка. „Здраво НМД.мк и почитувани читатели на овој сајт. Овде прочитав многу добри рецепти за сирупи против кашлица, па би сакала да го додадам и споделам овој рецепт кој помага на „долги патеки“.




Децата го сакаат и го пијат без га-дење и муртење зошто има пријатен вкус. Рецептот го научив од мајка ми која беше дел од еден тим за превенција на болести на грло и бели дробови кај деца, како фармацевт.




Ова е еден од оние сигурни и испробани народни рецепти (нејзиниот тим го одобри), кој поволно делува кај чести воспаленија, ја јакне слузокожата на грлото и ги намалува проблемите кај сува кашлица.




Пoтребни состојки: 10 цели ореви (во тврда лушпа), 1 литар вода, ¼ лажичка морска сол (околу 3-4 грама). И уште: по вкус може да се додаде мед како засладувач.

Постапка: Оревите во дрвенестата лушпа добро измијте ги. Искршете ги на помали парчиња и заедно со лушпите ставете ги во тенџере. Прелијте ги со 1 литар ладна вода, додајте сол и варете на тивок оган додека количината на течноста да испари на малку повеќе од половина.

сируп
Фото и рецепт: Веселинка




Изладете и процедете. Лекот чувајте го на ладно и темно место, затворено во порцеланска или стаклена тегла. Па дури и на мали деца (над две години) може да се дава, секој ден, со конcyлтација на нивниот лекар: половина мала шолјичка за кафе (околу 50 мл) благо загреан сируп, засладен со мед, помеѓу оброците (ако се внесува со храна ќе се редуцира ефикасноста).

Фото и рецепт: Веселинка
Фото и рецепт: Веселинка




По потреба подгответе нова количина. Како и со секој лек, не треба да се претерува, а во продолжение прочитајте уште еден моќен лек за зајакнување на белите дробови и лекување на респираторни инфекции.




Оваа смеса има силни антимикробни и антивоспалителни својства, што е одлично за белите дробови. Покрај тоа, благодарение на антиоксидативните својства, ги уни-штува слободните радикали.




За да го подготвите ќе ви требаат следниве состојки: ½ тегла мед, 40 г тимијан, сув (Thymus vulgaris), 40 г мајчина душица (thymus serpyllum). Тимјан вулгарис билката е всушност многу слична на мајчината душичка, но се разлкикува по растењето. Имено, вулгарис расте исправено, додека мајчината душичка е ползавец, односно, цветовите може да му се полегнати.




Постапка: Измешајте ги билките во медот. Ако смесата е премногу густа, додадете 50 мл дестилирана млака вода. Добро промешајте и чувајте ја теглата на топло место во текот на две седмици. На секои два дена треба да се промеша мешавината. Процедете со помош на газа или цедалка.

Dennis van Zuijlekom / Flickr.com




Употреба:​ Консумирајте по една супена лажица, двапати дневно. Една од најпопуларните билки кои растат во изобилство во нашата земја е мајчината душица, како што нашиот народ ја нарекува мајкина душичка.




Таа е главна состојка во ароматичните одвари кои ги користиме за затоплување во зима и има еден куп лековити својства. Чајот од мајчина душица е одличен за враќање на силата, здравјето и виталноста. Има уникатен вкус и необична арома, ја гаси жедта во лето и загрева во студените зими. Овој напиток често се користи за превенција и фитотерапија на разни болести.

Измешана во еднакви делови со ајдучка трева, мајчина душица е докажан лек против респираторни заболувања, прекумерна слуз во бронхиите и бронхијална астма, па дури и против голема кашлица.

Ставете парче лимон и една мала лажица од споменатата мешавина од чај во чаша топла вода. По половина минута, исцедете го чајот и пијте го што е можно потопол, во голтки. Подготвувајте свеж, четири до петпати на ден. Ако постои пневмонија, овој чај треба да се пие секој час, во голтки, а неговиот ефект нема да изостане.