Од кога знам за себе мајка ми ми го виткаше ова на вратот, бидејќи имав чести воспаленија на грло.

Ја мразев лепливоста и после вадењето на облогата миењето, а некогаш и косата знаеше да ми се замачка, па после тоа се’ те чеша….

Ама тоа е лек…и помага навистина. За еден ден! Ретко кога ја носев два дена. Сега и јас на ќерка ми и’ ја правам истата облога.

Потребни состојки:

  • Крпа или мало пешкирче
  • Мед
  • Црн пипер, мелен

Постапка:

Едноставно земете ја крпата и свиткајте ја така да можете да ја врзете околу врат. Намчакјте ја со мед од едната страна а одозгора наросете црн пипер во прав.

Ставете врз грлото, завиткајте, а одозгора фиксирајте со уште една крпа, зошто медот од топлината ќе се растопи и ќе почне да тече.

Оваа облога го извлекува воспалението од грлото.