Магдонос (Petroselinum crispum F, Apiaceae/Umbelliferae)
Лек за акни, флеки, и нечисто лице пишува билкарот Мартин Мајдовски.
Потребни состојки:
500 мл зовриена вода
2 китки магдонос со средна големина
4-5 супени лажици јаболкова киселина
Постапка:
Во 500 мл зовриена вода се ставаат 2 средни китки свеж магдонос. Се остава поклопено да отстои 20-30 минути, по што се процедува.
Кога сосем ќе се излади се додаваат 4 до 5 супени лажици природна јаболкова киселина. Се собира во тегла и се чува во фрижидер. Се тампонира лицето со оваа смеса 3-4 пати дневно, притоа се остава само да се засуши и да не се мие лицето. Најважно е навечер пред спиење да се намачка и да се спие со лекот.
Нутритивни факти и својства на магдоносот
Магдоносот е двегодишна билка со зелени листови и бел, тенок корен кој е многу ароматичен. Оваа билка има пријатен и освежувачки мирис.
Магдоносот се користи во нaрoднaтa мeдицинa како лековита билка, а во исхраната често се користи како зачин и храна. Во исхраната и во народната медицина се користат и коренот и листовите на магдоносот, односно целата билка.
Магдоносот нема високо-калорична вредност, но е исклучително богат со минерали и витамини. Затоа претставува една од најздравите и најлековитите билки.
После листовите на шипката и на боровинката, листовите на магдоносот содржат најмногу витамин Ц. Во 100 грама магдонос има дури 170 милиграми витамин Ц.
Содржи доста и провитамин А и витамини од групата Б, дури го содржи и реткиот витамин Б12, кој е значаен за создавањето на црвените крвни зрнца-еритроцитите.
Магдоносот е и природна ризница на многу минерали. Само во 100 грама листови од магдонос има околу 1630 милиграми минерали, од кои половината е содржан калиумот, клучен минерал неоходен за здравјето на организмот.
Калиумот е минерал кој е одличен за намалување на крвниот притисок, помага во нормализирањето на отчукувањата на срцето, испраќа кислород до мозокот и ја регулира количината на вода во телото. Затоа магдоносот е природен лек за лицата со висок крвен притисок и со ослабен кардиоваскуларен систем.
Магдоносот, покрај калиум, содржи и други корисни минерали: железо, калциум, магнезиум, манган и бакар…
Листовите од магдонос најдобро е да се конзумираат свежи (како додаток на салатите), бидејќи единствено во таква форма тие ги задржуваат своите здрави и лековити состојки.
Магдоносот има огромно нутритивно и значајно лековито дејство, поради богатството на состојките кои ги содржи: етерично масло (во плодот 2,5-7%, во листовите и во коренот околу 0,1%), растително масло богато со незаситени масни киселини, флавоноиди – апиозид, слуз, шеќери, малку танини и огромно количество различни минерални материи (натриум, калиум, калциум, фосфор, магнезиум, железо, цинк, јод, флуор), витамини (бета каротен, витамините Е, Б1, Б2, Б6, Б12, фолна и пантотенска киселина, биотин, витамините К и Ц), есенцијални масни киселини (хистидин, изолеуцин, леуцин, лизин, метионин, фенилаланин, триптофан), и антиоксиданти.
Малкумина знаат дека 5-6 гранчиња магдонос содржат толку витамин А колку што има во 1/4 лажичка рибино масло. Истите 5-6 гранчиња содржат и витамин Ц во количество од 2/3 колку што има во еден портокал.
Магдоносот содржи важни есенцијални аминокиселини, кои учествуваат во градбата на сите клетки на организмот. Есенцијалните аминокиселини го штитат организмот. Внесот на есенцијални аминокиселини е многу важен, бидејќи организмот нив не може да ги синтетизира, а аминокиселините се градбени елементи на протеините. Затоа, есенцијалните аминикиселини треба да се внесуваат со храната.
Особено е интересен фактот што магдоносот ја содржи аминокиселината хистидин, која најверојатно го спречува развојот на туморите во организмот.
Поради големото количество на витамини, минерали, аминокиселини и други здрави состојки, магдоносот со право се нарекува природен антиканцероген. Тој ја зајакнува природната одбрамбена отпорност на организмот, го чисти од слободните радикали и помага во борбата против ракот.
Магдоносот е многу силен природен диуретик. Тој го зголемува излачувањето на вишокот течности од организмот. Го поттикнува излачувањето на урината и помага при задржувањето на вишокот течности во организмот. Тој е извонреден природен диуретик и често им се препорачува на лицата кои имаат отоци.
Бидејќи ја подобрува работата на бубрезите, магдоносот е природен „чистач“ на организмот и помага во исфрлањето на отровите од организмот. Затоа, магдоносот е природен лек за намалување на зголемениот крвен притисок.
Како резултат на зголемената диуреза, се намалува количеството на калиумот кој е неопходен за нормално функционирање на речиси сите системи во организмот, па затоа, ако често користите чај од магдонос, се препорачува да внесувате и доволно калиум со исхраната. Калиумот го има во магдоносот, но и во многу видови овошје и зеленчук (банана, краставица, домат…)
Магдоносот не се препорачува во големи количини за бремените жени и доилките, но е корисен во мали количини, како зачин.
Магдоносот се користи во народната кинеска медицина за лекување на болести на црниот дроб, за заболувања на органите за варење, за подобрување на циркулацијата, за инфекции на мочните патишта, за смирување на нервите, за намалување на подуеноста на цревата, за намалување на болките, за прочистување на крвта, помага при грозница, воспаление на очите, болести на бубрезите, дамки на кожата, при убоди од инсекти и при срцеви проблеми.
Магдоносот е одличен природен тоник за чистење на очите. Во оваа билка има големи количини на лутеолин, кој им помага на очите во заштитата од UV зрачењето.
Поради големата содржина на витамини од групата Б, магнезиум и калиум, магдоносот го смирува нервниот систем и ја подобрува концентрацијата и памтењето. Витаминот Б6, кој го има во оваа билка, го регулира нивото на шеќерот во крвта. Затоа магдоносот е природен лек и за дијабетичарите.
Магдонос за јакнење на нервите
Коренот и листовите на магдоносот се рендаат односно сечкаат. Се додава сок од малина и багремов мед. Се земаат 1-2 лажички од оваа смеса навечер, пред спиење.
Магдонос против шеќерната болест
Многу едноставен рецепт за ублажување на шеќерната болест е следниов: Изрендајте корен од магдонос и исечкајте свежо набрани листови од магдонос. Додадете јогурт или кисело млеко. Јадете ја оваа здрава смеса навечер, пред спиење.
Магдонос против отечени и воспалени очи
Во 300 грама вода се ставаат 2 лажици иситнето лисје од магдонос. Се вари 2-3 минути. Кога ќе се олади чајот, се процедува низ стерилна газа. Со овој чај се испираат очите повеќе пати во денот, а навечер се ставаат облози, кои може да стојат подолго време. За облози се земаат 6 гранчиња магдонос, убаво се измиваат и се ставаат на очите. Очите се врзуваат со газа и дури наутро се вади облогата, во темна просторија.
Магдонос за чистење на организмот и за отстранување на вишокот на течности
За оваа цел се користи целата билка. Коренот, лисјата и плодот од магдоносот се иситнуваат. Се варат 5 супени лажици од оваа смеса во половина литар вода. После варењето, треба да се остави смесата да отстои уште 20 минути. Потоа се процедува и се пие трипати на ден по една мала шолјичка. Овој чај ги намалува отоците и го намалува високиот крвен притисок.