Сите сакаат да имаат убава, мазна кожа без акни, дамки и лузни.
При лекувањето на лузните настанати од акни, важно е да се прави разлика помеѓу нив и дамките, кои обично се привремени. Темните дамки се предизвикани од инфекции и црвенило на кожата, кои обично се смируваат за три до шест месеци.
Меѓутоа, лузните од акни се перманентни и имаат различна форма и големина. Тие се јавуваат после стискање на акните, бидејќи кожата се затвора откако ќе заздрави, а на местото од оштетната кожа остануваат лузни.
Многумина посегнуваат по скапите ласерски третмани за да се ослободат од досадните акни, но тајната лежи во една многу едноставна состојка која речиси сите ја имате дома, а тоа е мандарината.
Мандарината или било кое друго овошје со висок степен на цитрус, може да се користи за подготовка на оваа специјална маска за лице.
Цитрусните овошја можат трајно да ги отстранат акните, и тоа за релативно кратко време. Згора на тоа, оваа маска ја хидрира кожата, го разубавува тенот, и дава свежина и младешки сјај, па кожата добива бројни бенефиции.
За да го подготвите лекот за акни, следете ги следните чекори:
Првиот чекор: Излупете еден агрум (мандарина, лимон, грејпфрут …).
Втор чекор: Истурете зовриена вода врз кората од овошјето и оставете да отстои во текот на ноќта.
Трет чекор: Во утринските часови, процедете ја водата, натопете памук во неа и намачкајте го лицето, или поедноставно, течноста складирајте ја во шише со распрскувач, па испрскајте го лицето.
Четвртиот чекор: оставете вашата кожа убаво да ја апсорбира течноста, и тоа е тоа. Она што ќе го добиете е целосно хидрирана и блескава кожа без акни.