Комбинацијата од мед и цимет веќе со илјадници години се користи во традиционалната медицина како дел од програмот за исцелување.

Циметот е еден од најстарите зачини, а медовата популарност никогаш не поминува, па така комбинацијата од овие две состојки е идеален домашен лек кој се користи за подобрување на здравствената состојба.

Есенцијалните масла на циметот и ензимите од медот се моќни сојузници во борбата против микроорганизмите. Го спречуваат развојот на бактериите и габите, и го штитат телото од вируси. Поради оваа причина честопати се користат како прехрамбени конзерванси и ги штитат намирниците од расипување.

Циметот го забрзува согорувањето на мастите, го подобрува визуелното памтење, го намалува нивото на шеќерот во крвта и го намалува нивото на мастите како борец против холестеролот. Изобилува со минерали и витамини. Одличен извор на манган, железо, калциум, цинк, витамин Ц, рибофлавини…

Во Ајурведата медот е познат како Yogavahi, што во превод значи билка која носи исцелувачки својства за органзимот. Се верува дека кога медот ќе се помеша со друга супстанција се добива комбинација во која квалитетот на медот се засилува и подлабоко продира во организмот.

УПОТРЕБА

Комбинацијата од мед и цимет се користи против артритис. Се нанесува како паста на заболениот дел и полека се втријува или масира. Исто така, дневното пиење чај од мед и цимет помага да се ублажи болката и вкочанетоста во зглобовите.

Во облик на топла паста која се прави од лажица мед и лажичка цимет и лажичка маслиново масло, се користи во борба против опаѓање на косата. Пастата се нанесува пред бањање, а после 15 минути се измива.

За да ги уништите бактериите во уринарниот систем и да спречите инфекција пијте чаша млака вода во која сте додале лажичка цимет и половина лажичка мед. Овој напиток се користи и болести на бубрезите, камења во жолчна кеса и мочен меур. Исто така, ако се испира грлото со ваков напиток, вашиот здив ќе биде свеж во текот на целиот ден.

Против холестерол се препорачува да се пие зелен чај во кој сте додале мешавина од мед и цимет. За слабеење: лажичка мед и половина лажичка цимет ставете во чаша варено вино. Се консумира наутро на празен стомак, половина час пред појадок. Против акни: измешајте цимет и мед и редовно нанесувајте врз акните додека тие да исчезнат.