За надворешна употреба: лек за кожата

Потребни состојки:

3 китки цвет од свеж кантарион
5-6 млади гранки од бозел-кора 20-тина см долги
1200 мл масло
250 г природен восок од пчели

Постапка:

Кантарионовите китки обично се богато разгранети гранки или ако се собирани помали гранчиња, формирајте одокативно 3 китки цвет, пупки и гранчиња до 10-тина см долги.

Во стаклена тегла од 2 литри се става издробен кантарион, иситнета кора од бозел и се полива со масло. Теглата се затвора и се остава да стои на сонце 40 дена.

Потоа се цеди во тенџере, се додава восокот и се става на оган за да проврие. Постојано се меша со дрвена лажица сè додека се стопи восокот и се добие изедначена смеса.

Тенџерето се трга од оган и повторно се меша за да нема грутки. Се покрива со крпа и се остава да излади. Изладената маст пред целосно да згусне, се полни во мали теглички или соодветни кутии од кремови.

Дејство: во права смисла на зборот оваа маст е прав мевмлем за било какви рани и повреди на кожата, исеченици, испукани пети, рапави раце, испукани брадавици на дојка, идеално делува при изгореници и на отворени рани.

Помага оштетеното ткиво да се обнови без некои последици. На отворени рани маста се нанесува околу раната за да може да ја зарасне.