Уште од дамнешни времиња било познато дека ренот е исклучително ефикасен лек за б олни зглобови и воспалени мускули. Овој лутникав корен исечкан на половина се ставал директно на б олното место, а неговата неверојатна моќ веднаш ја извлекувала б олката.
Од ренот се правеле разни чаеви, тинктури и облоги. Ренот се користел уште во древниот Египет, а старите Грци го сметале за природен аф-родизијак. Листовите од рен ги готвеле, а потоа ги јаделе за зајакнување на имунитетот.
Ренот во комбинација со мед прави исклучително неверојатен елик-сир за лекување на белите дробови. Помага кај речиси сите респираторни инфекции, бронхит, астма, воспалени синуси, ги лекува зарипнатите гласни жици, го забрзува метаболизмот и помага во отстранување на сите ток-сини од телото.
За лековитоста на ренот се знае одамна. Се користи како зачин, како додаток на разни јадења, но и како природен лек. Неговото лековито дејство освен што го потврдува народната медицина, туку и современета наука сведочи за лековитоста на овој зеленчук.
Ензимот пероксидаза, кој се наоѓа во ренот превенира од создавање на малигни клетки кои го формираат ракот. Но, неговото антиканцерогено дејство е потврдено и заради присуството на гликозинолат соединението, содржано во него.
Ренот изобилува со витамин Ц, петпати повеќе во однос на портокалот и лимонот. Повеќе витамин Ц од ренот содржат само црната рибизла и шипката. Во својот состав содржи и протеини, масти, јагленихидрати, минерални соли, етерични масла и најважното – ренот содржи финтоциди кои се вистински природни антибиотици.
Овој здрав корен е познат по лутникавиот и пикантен вкус, омилен во кујните ширум светот, а ова својство се должи на сингиринот. Благодарение на етеричните масла кои ги содржи, го зголемува апетитот, го забрзува метаболизмот и го подобрува варењето на храната.
Но, освен лековитоста на коренот од рен, неговите млади листови изобилуваат со лековити својства. Младите листови на ренот содржат аскорбинска киселина и бета каротен и многу минерали како калциум, калиум, магнезиум, фосфор и железо. Ренот содржи и значително количество на глукоза.
Во руската традиционална медицина, лековитоста на ренот има повеќекратна намена, но најмногу се користи како природен антибиотик и елик-сир за белите дробови. Оттука произлегува долго прочуениот рецепт кој ги лекува сите респираторни болести.
Потребни состојки: 1/2 лажичка рендан корен од рен, 1/2 лажичка домашен мед.
Постапка: Во стаклена тегла или подлабока чинија измешајте ги состојките во сооднос 1:1. Секое утро кон-сумирајте по 1 супена лажица на празен стомак во рок од 1 недела, се додека кашлицата и другите состојки да исчезнат.
Потребно е да не ја голтате веднаш мешавината, туку почекајте медот и ренот полека да се слеат низ грлото. Така лекот е најефикасен. Доколку често настинувате, ви се засипнува гласот, имате проблеми со гласните жици – користете го истиот рецепт. Лекот не треба да го кон-сумираат оние кои па-тат од гастритис и вишок желудочна киселина.
Уште поефикасен и побрзо делотворен лек е чајот од рен за респираторни заболувања.
Потребни состојки: 10 г рендан корен од рен, 200 мл вода.
Постапка: Водата ставете ја во сад на рингла и оставете да зоврие, а потоа додајте го изренданиот корен од рен во неа, поклопете и оставете да отстои 5 – 10 минути. Процедете го чајот и почекајте да се излади пред да го испиете.
Пијте чај од рен трипати на ден, а белите дробови ќе ги излечите за многу краток период. Чајот се користи доколку па-ите од г-нојна ангина, воспалено црвено грло и луз-ни на белите дробови. Чајот може да се користи и за дезинфекција на усната шуплина и превенција од појава на акни и лекување на лошиот здив.
Рен, ѓумбир и мед како лек за бронхитис
Доколку чувствувате засипнатост при ди-шење и сте полни со слуз, ова е идеален лек за намалување на симптомите и зајакнување на капацитетот на белите дробови.
Потребни состојки: 1/2 шолја рендан ѓумбир и рен, 2 полни лажици мед.
Постапка: Измешајте ги сите состојки во стаклена тегла, затворете ја и оставете да отстои 2 недели на суво и темно место. Земјате секое утро по 1 полна лажица. Доколку вкусот ви е премногу лут и не можете да се навикнете на него, разредете го со малку билен чај така што 1 полна лажица додајте во изладениот чај.
Рен како лек за б олни синуси
Изрендајте корен од рен, загрејте го на рингла во тава, а потоа наредете го на памучен пешкир, доближете до носот и вди-шувајте ја неговата арома. Ова е најдобрата метода за прочистување на синусите, а најдобро е да ја применувате оваа техника навечер, пред легнување. Инхалацијата се прави само 2 минути, а за тоа време во целост ќе ги прочистите синусите и ќе имате многу квалитетен сон.
Чај од рен за сла беење
Потребни состојки: 10 г рендан корен од рен, 5 г рендан корен од ѓумбир, 200 мл вода.
Постапка: Зовријте ја водата, а во неа додајте ги коренот од рен и ѓумбир, а потоа промешајте и поклопете. Оставете чајот да отстои 10 минути, а потоа процедете го и пијте двапати во текот на денот односно наутро на празен стомак и навечер 2 часа по јадење и 2 часа пред легнување. Чајот од рен може да ви помогне за сла-беење доколку внимавате на вашата исхрана и имате редовна физичка активност.
Рен и мед против неп лодност
За младите жени кои планираат бре-меност во блиска иднина, се препорачува следниот лек кој е целосно безбеден и со сигурност лековит.
Потребни состојки: 50 г рен ситно исечкан, 200 г домашен мед.
Постапка: Измешајте ги состојките во стаклена тегла, добро затворете и чувајте ја на собна температура во период од 10 дена. Кон-сумирајте секое утро по 1 супена лажица на празен стомак од смесата.
За ефектот да биде уште поделотворен, после кон-сумирање на оваа смеса, испијте чај од жалфија. Овој природен лек за зголемување на пло-дноста треба да го кон-сумираат и мажите за зголемување на по-тентноста.
Рен за негување на лицето
Овој природен лек пронашол примена и во козметиката. Се користи за намалување на брчките и избелување на луз-ните. Може да го подготвите многу лесно во домашни услови, односно само да го извлечете сокот од ренот, а потоа со помош на вата или памук за лице натапкајте го сокот на лицето. Лесно натапкувајте го лицето 2 минути, но не го користете околу очната регија.
За митисери и старечки пеги се применува следниот рецепт: Измешајте еднаква количина рендан корен од рен и рендано јаболко во сооднос 1:1. Добиената маска се става на лице и се остава да делува 5 минути. Потоа нежно извадете ја и темелно исплакнете го лицето со вода. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска