Пригответе се за зимата и зајакнете го имунитетот навреме.
Овој стар рецепт со векови се користи за јакнење на физичките и менталните способности и лекување на многубројни болести.
Рецептот се состои од само две состојки, ја подобрува дигестијата, помага при губиток на вишок килограми и ги елиминира токсините од организмот.
Смесата е богата со калциум и калиум кои го јакнат срцето и крвните садови. Одличен е за подобрување на кожата и косата. Го јакне имунитетот, го забрзува метаболизмот.
Потребни состојки: 20 суви смокви и маслиново масло.
Постапка: земете 20 суви смокви, пресечете ги на половина и ставете ги во тегла. Потоа додадете маслиново масло, така да бидат целосно покриени смоквите (над нив 1 см).
Вака приготвената тегла затворете ја и оставете ја во фрижидер 40 денови да отстои.
Примена: јадете по една половинка смоква и 1 лажица масло од смоквите. Препорака е ова да се јаде 5-10 минути пред појадок. Треба да се консумира секојдневно додека да се потроши целата содржина од теглата.
Веднаш ќе се почувствувате подобро. Третманот можете да го повторувате 2-3 пати годишно.
Смоквите се многу здрави и тоа не само свежи, туку и кога ќе се осушат. Делуваат благотворно на нашето здравје. Тие можат буквално да го обноват целото наше тело. Во текот на сушењето количината на протеини во смоквите се зголемува за 3-6%, а шеќерот 50-70%, додека свежите смокви содржат само 1% протеини, 15-20% шеќер.
Природниот шеќер од овошјето нашето тело многу лесно го апсорбира. Сувите смокви се во состојба да ја зголемат енергијата на нашето тело, да го подобрат расположението и менталната активност.
Сувите смокви содржат огромна количина на влакна со што ни овозможуваат ситост и подобрување на гастроинтестиналниот тракт. Сувите смокви се богати со хранливи состојки како што се калиум, магнезиум, железо, калциум и Б витамини.
Високата содржина на пектини во смоквите овој препарат го прави одличен за регенерација на сврзното ткиво, а особено после повреди на коски и зглобови.
Сувите смокви можат значително да го зголемат антиоксидативното дејство на крвната плазма, а рутинската супстанција помага во јакнење на ѕидовите на капиларите и поттикнува активна апсорпција на витаминот Ц.
Сувите смокви се користат при лекувањето на опстипација, бидејќи се одличен лаксатив. Секојдневната употреба на смокви го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.