Цвеќето, Исусов или Божји трн, уште познато и како Исусовиот венец и Исусовата круна, е цвеќесо нереална убавина, кое ќе го украси вашиот простор. Исусовиот трн (Euphorbia milii) е повеќегодишно растение кое припаѓа на фамилијата Euphorbiaceae.
Познато и како дрвото на Исус, ова растение се карактеризира со ластари кои се густо покриени со многу бодливи трње. Листовите се со овална форма, долги до 35 cм и широки до 15 мм.
Исусовиот трн има мали цветови, кои се опкружени со две гранки бела, црвена или розова и се собрани во соцветие. Цвета од февруари до јуни. Треба да се напомене дека млечниот сок што го лачи Исусовото дрво е ток-сичен, што инаку е карактеристично за видовите од семејството на млечните треви.
Името на ова растение се однесува на легендата која вели дека круната од трње што ја носел Исус за време на распнувањето била направена од стеблата на ова цветно растение.
Исусовиот трн инаку природно е присутен на Мадагаскар во Југоисточна Африка, додека кај нас се одгледува како украсно собно растение. Растење: Одржувањето на Исусовиот трн е прилично лесно ако ги следите основните чекори.
Растението е многу отпорно и лесно се одгледува. Што се однесува до барањата кога станува збор за светлината, ова растение сака сончева положба и сув воздух во просторијата.
Кога станува збор за земјиштето за одгледување на Исусовото дрво, почвата треба да биде добро drenirana, т.е. да биде добро пропустлива на вода, а се препорачува да се користи земјиште за одгледување на кактуси.
Овој цвет е погоден за одгледување во домашни услови бидејќи поднесува собна температура, па може да се чува на загреан простор дури и за време на зима. Најдобро расте на температури од 16-24 степени, со т.н зимски одмор на 10-13 степени.
Наводнување: Ова растение треба да се полева редовно, но умерено, а во зима дефинитивно треба да го намалите интензитетот на полевањето. Во зима се наводнува сосем малку за да не се исуши коренот. Исто така, треба да избегнувате водата да дојде во допир со листовите и стеблата, бидејќи тогаш тие ќе изгнијат.
Прихранување: Исусовиот трн треба да се ѓубри еднаш на секои две седмици, користејќи половина од препорачаната доза за ѓубрење. Пресадувањето на ова растение треба да се врши по потреба, во песочно-хумусна почва.
Ако забележите дека лисјата паднале во текот на зимата, тоа е знак дека најверојатно е студено или дека претерано сте наводнувале. Во тој случај, само оставете го растението да се исуши и сигурно ќе поттикне нов раст. Немојте често да ја менувате неговата положба, бидејќи тоа може да предизвика и паѓање на листовите..
Напролет, пред да се појават млади гранчиња, може да го поткастрите. Се размножува со клонирање, од гранчињата што ќе ги потсечете. Овие гранчиња кога ќе се пресечат, веднаш треба да се потопат во млака вода за да се спречи истекувањето на млечниот сок.
Потоа гранчето се остава еден ден да се потсуши, па се посадува во земја помешана со песок. Доколку премногу се полева или стои на ладно место, ќе му отпаднат листовите.
ВНИМАТЕЛНО: Билката во сите свои делови е отро-вна. Млечниот сок содржи супстанции кои ја надразнуваат кожата. На силните трња може да се пов-редите, па затоа бидете внимателни кога ракувате со ова цвеќе.