ЛЕДЕНИ КОЦКИ…Кремаст колач од состојки кои имате в кујна…Се топи во уста…Многу вкусни кремасти коцки со јајца. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

7 белки
7 лажици шеќер во прав
7 лажици брашно
1 прстофат сол
120 мл млако млеко

ФИЛ 1

7 жолчки
7 лажици шеќер
5 лажици густин (скробно брашно)
750 мл млеко
250 г маргарин или путер

ФИЛ 2

2 кесички шлаг пена
250 мл млеко

Постапка:

Белките со прстофат сол изматете ги во цврст снег. Во снегот од белки постепено додавајте шеќер и матете додека да се растопи. Потоа додајте го брашното и бавно промешајте со лажица за да остане смесата пенлива.

Потоа рамномерно распоредете ја во калап (24х24 см) обложен со хартија. Печете ја кората во претходно загреана рерна на 170-180 степени околу 10 минути.

Печената кора уште додека е топла прелијте ја со топло млеко и оставете убаво да го впие и излади.

Од жолчките, шеќерот, пудингот и млекото сварете крем: најпрво изматете ги жолчките со шеќерот, додајте малку млеко и густин, па разматете да нема грутчиња.

Остатокот ставете да зоврие, па намалете ја температурата и со непрекинато мешање сипете ја смесата и варете додека да згусне.

Кремот е многу нежен, па затоа гответе го на многу тивка температура или на пареа, внимавајќи да не ви загори и оставете го да се олади на собна температура.

Потоа додајте путер исечен на ленти, па со миксер добро изматете за да се соединат и да добиете мазен крем.

Кремот нанесете го врз изладената кора. На крај изматете шлаг и премачкајте го одозгора колачот. Пред послужување колачот добро изладете го, најдобро е да се остави во фрижидер преку ноќ.