Home ТЕСТО Леб со лук што се кине на слоеви: мек однатре, миризлив и...

Леб со лук што се кине на слоеви: мек однатре, миризлив и готов без компликации

🍞 Леб со лук што се кине на слоеви – мек однатре, миризлив и неверојатно вкусен

Ако сакате домашен леб со професионален изглед и мирис како од добра пекарница, овој рецепт за леб со лук и путер е вистински избор.

Тестото е меко, лесно за работа, а филот со лук и магдонос му дава богат вкус кој совршено се комбинира со појадок, вечера или како прилог со супи и крем чорби.

Овој тип леб е особено популарен кај оние што бараат економичен, но визуелно впечатлив рецепт, без скапи состојки, а со резултат што изгледа „премиум“, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

🧾 Потребни состојки

За тестото:
• 70 мл топла вода
• 70 мл топло млеко
• 1 лажичка сув квасец
• 1 лажичка шеќер
• 1 јајце (на собна температура)
• 2 лажици стопен путер
• 320 г брашно
• ½ лажичка сол

За филот:
• 3 чешниња лук (ситно рендан)
• 1 рака свеж магдонос (ситно сечкан)
• 60 г омекнат путер
• малку сол
• 1 лажичка мед
• рендан кашкавал или моцарела
• НМД

За премачкување:
• 1 жолчка од јајце
• 1 лажичка млеко
• семе од афион (по желба)

👩‍🍳 Постапката опишана преку фотографии и видео прилог, можете да ја погледнете ОВДЕ:

Новиот ЛЕБ СО ЛУК е толку добар, што почнав двапати неделно да го правам…Брзо, едноставно и многу вкусно!

Во подлабок сад сипете ја топлата вода и топлото млеко. Додајте го сувиот квасец и шеќерот, измешајте и оставете 5 минути да се активира.

Додајте го јајцето и стопениот путер, па постепено додајте го брашното измешано со солта. Замесете меко, мазно и нелепливо тесто.

Покријте го тестото и оставете го на топло место додека да го удвои волуменот (околу 40 минути).

Во меѓувреме, подгответе го филот: во сад соединете го путерот, лукот, магдоносот, солта и медот. Измешајте додека да добиете мазна смеса што лесно се премачкува.

Стасаното тесто кратко премесете го, па развлечете го во правоаголна кора на набрашнета површина. Рамномерно премачкајте со филот од лук и магдонос, па посипете со рендан кашкавал или моцарела.

Исечете ја кората на три ленти по ширина, а потоа на четири по должина, за да добиете 12 еднакви квадрати. Наредете ги квадратите едно врз друго, па вертикално ставете ги во намастен долгнавест калап за леб.

Покријте и оставете повторно да ферментира околу 30 минути.
Премачкајте со жолчка измешана со малку млеко и посипете со семе од афион.

Печете во загреана рерна на 200°C околу 25 минути, или додека лебот убаво да зарумени и замириса. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ.