Лесен и освежителен колач кој ќе го задоволи вкусот на секој ваш гостин.
Потребни состојки за тесто:
6 јајца
150 г шеќер
150 г брашно
(јас додавам и малку масло и млеко, вкупно 100 мл и еден прашок за печиво, или барем една лажичка пп)
За жолт крем:
1 литар сок од портокал (тетрапак)
3 пудинг од ванила
7 лажици шеќер
бисквити+малку млеко за да се натопуваат
Бел крем:
6 лажици брашно
6 лажици шеќер
500 мл млеко
250 г путер/маргарин
за глазура:
100 г чоколадо
70 г путер/маргарин
Постапка:
Одвојте ги жолчките од белките. Пенасто изматете ги жолчките со шеќер додека да побелат. Постепено додадете го брашното, а на крај со превртување на лажицата додадете го и снегот од белки. Изедначете ја смесата.
Во намастен и набрашнет плех од рерна испечете ја кората во претходно загреана рерна на 180 степени, или според вашата рерна.
Напомена: Во оригиналниот рецепт не е спомнато, но јас додавам и малку масло и млеко (вкупно 100 мл) и еден прашок за печиво. Кората ја печам во голем плех од рерна 40х35 см, зошто не сакам колачот да ми биде превисок.
За жолт крем: Во сокот од портокал од тетрапак, сварете го пудингот од ванила и во варењето додадете го и шеќерот. Со врелиот пудинг прелијте го печениот бисквит.
Врз жолтиот крем наредете бисквити малку натопени во млеко. Колачот оставете го да олади.
За бел крем: Брашното и шеќерот изматете ги со малку млеко, па сварете ја смесата во преостанатото млеко, со постојано мешање додека да згусне. Кога целосно ќе излади, додадете пенасто изматен путер, па заедно измиксајте ги за да се соединат. Белиот крем нанесете го врз слојот бисквити, кога колачот ќе биде изладен.
За глазура: Чоколадото и путерот растопете ги на тивок оган, па добиената глазура прелијте ја врз белиот крем.
Колачот добро изладете го пред послужување.