ЛАДНО ЦЕДЕН СОК ОД ГРОЗЈЕ БЕЗ КОНЗЕРВАНСИ…Овој домашен напиток е чисто здравје…Сите витамини и минерали се задржани…Еве што ви е потребно:

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

5 кг грозје (црно, слатко)
100 г обичен шеќер или 200 г фруктоза или 10 лажици мед
600 г лимон (може да користите и лимонтус 50:50)
1 литар вода

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Сад од 5 литри полн со бобинки од грозје
1700 мл вода
1 кг шеќер

Можете да ја зголемите или намалите количината на состојки, важно е додадете вода колку да ги прекрие сите бобинки, не повеќе. Шеќер по желба.

Доколку планирате да го оставите сокот за зима, додајте шеќер, односно на 3 литри сок се додава 1 кг шеќер. Од оваа количина добив 3,5 литри сок. Може да се користи малку разреден со вода.

ПОСТАПКА за рецепт 1:

Овој сок можете да го направите со повеќе вода, шеќер и лимонска киселина доколку сакате да направите поекономичен сок, односно да добиете поголема количина.

Измијте го грозјето и одвојте ги бобинките од стеблото. Добро изгмечете со раце и оставете да отстои околу еден час за лушпите да ја ослободат својата боја.

Процедете го сокот низ газа, па додајте исцеден лимон и шеќер. Јас користев фруктоза. Додајте и вода. Промешајте да се раствори шеќерот. Можете да го пиете веднаш, а се чува во фрижидер не повеќе од два дена.

За да имам и преку цела зима го чувам во замрзнувач во пластични шишиња и го вадам по потреба. Постапката погледнете ја ОВДЕ. А, Постапката од вториот рецепт можете да ја прочитате и погледнете подолу:

ПОСТАПКА за рецепт 2:

Исчистените бобинки прелиени со вода ставете ги на оган до точка на вриење, а потоа процедете го сокот низ цедалка. Во добиениот сок додајте шеќер и промешајте за да се растопи.

Ако планирате веднаш да го пиете сокот, тогаш не ви е потребно толку многу шеќер, односно прилагодете по вкус. Вратете го сокот на оган и гответе го на умерена температура 10 минути, а за тоа време собирајте ја пената.

Складирајте во шишиња и затворете. Шишињата претходно треба да ги стерилизирате 10 минути во рерна на 100 степени. Чувајте ги на темно и ладно место. Постапката за овој рецепт погледнете го ОВДЕ.