Оваа салата преполна со витамини и витамини неопходни за силен имунитет, можете да си ја подготвите уште сега во поголема количина и да ја имате цела есен и зима. Но, сепак, се прави за многу брзо време и можете да ја правите често, кога и да ви притреба, да ви биде постојано свежа. Многу вкусна салата која е преполна со витамини, а се прави од само 3 состојки.
Јас правам по 2 тегли и веднаш штом ги изедеме подготвувам нова тура. Не сум љубител на количински голема зимница, туку секогаш повкусно ми излегува кога ќе направам во помала количина, а потоа си доправам колку што знам дека ќе се јаде.
Оваа салата може да се јаде и така како главно јадење, но е одличен прилог за посните трпези, како додаток со риба, сендвичи… А подготовката не одзема многу време туку само сечкате, складирате, преливате и готово е.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г лук, 2 поголеми моркови, 1 китка магдонос. И уште ќе ви биде потребно: 1 лажица сол во секоја тегла, 4-5 лажици алкоxолен оцет 9% и вода.
ПОСТАПКА: Лукот исчистете го од лушпите и одвојте ги чешнињата едни од други. Ставете ги во подлабок сад и прелијте ги со вода. Вака оставете да отстојат половина час додека да го измиете магдоносот и морковот и ги исечкате.
Морковот може да го изрендате или да го исечете на коцки или кругови. Сеедно, како вам ви одговара и ви е повкусно за јадење. Исто така и магдоносот се сечка на ситно. По изминатото време и лукот исечкајте гo на половинки.
Земете 2 стерилизирани тегли (наведената количина на состојки е за 2 тегли) и започнете да ги редите со моркови, лук и магдонос. Нема некој посебен редослед туку додавате како што вие сакате.
Во секоја тегла додавате по 1 лажичка сол и по 4-5 лажици јаболков оцет. Потоа преливате со вода до врвот, со чиста вода, претходно отстојана на собна температура. Може да додадете и неколку зрна црн пипер.
Добро ги затворате теглите со соодветниот капак и ги ставате во тенџере со поставена памучна крпа. Доливате со вода негде до половина и вклучете ја ринглата за водата да зоврие.
Кога водата ќе почне да струи тогаш намалете ја температурата на ринглата и оставете да се готви уште 20-тина минути. Потоа оставете теглите целосно да се изладат на суво и ладно место, па може да почнете да ги користите По отворање на теглата се чува во фрижидер. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Прочитајте го и следниот рецепт како да си направите многу вкусно јадење-салата за кратко време:
(втор рецепт-мрсна салата) ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г тестенини, 100 г кашкавал исечкан на коцки, 100 г салама, димен врат или по желба, 1 голем варен морков, 6 помали кисели краставички или 3 големи, 1 чашка кисела павлака, 500 мл јогурт, 100 г мајонез.
ПОСТАПКА: Јас користев еден поголем морков, но може и два мали. Се сечка ситно и се става во тенџере со вода, околу 10 минути додека да омекне. За тоа време, сварете ги тестенините во солена вода.
Тестенините се готват по упатството на ќесичката, не ги преварувајте. Во меѓувреме, исечкајте го кашкавалот на коцки и ставете го во еден поголем сад. Исечкајте ги киселите краставички на ситни коцки. Може да користите и свежа краставица, но салатата е повкусна со кисели краставички.
Пиперките што ги користев се исто така кисели, од туршија извадени. Пиперката исто се сечка на ситно. Саламата или некое друго сувомеснато, се сечка ситно и се додава во садот со зеленчук.
Кога морковот ќе се свари, се процедува од водата и се става под млаз ладна вода да се излади, па се додава во садот со другите состојки. Со тестенините се постапува исто, но нив е потребно да ги оставите најмалку 10 минути да се изладат, по процедување на водата.
Врз тестенините се намастува со неколку капки масло или путер за да не се залепат. Тестенините се соединуваат со другите состојки. Се прелива со 500 мл јогурт и добро се промешува.
Пред самиот крај се додава мајонез и малку кисела павлака, може но и не мора. Добро промешајте и пробајте ја, па зачинете по вкус. Салатата треба да се остави во фрижидер неколку часа.
Што подолго отстои, толку е повкусна и покремаста. Се комбинира со сите јадења, но јас понекогаш ја правам и како самостален оброк бидејќи многу заситува. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.