Салатите се омилените зимски предјадења кои се послужуваат на претстојните слави и празници. Од рyска, до пилешка, компирова, Мимоза, Урнебес и многу други кои се наоѓаат во тефтерчињата на домаќинките, сепак меѓу првите места зазема ладната салата со пченка, која сите ја обожаваат.




Една читателка по има Валентина вели дека пченкарната салата прва се изедува на славската трпеза. „Од моето досегашно искуство, секоја година ја правам салатата со пченка и гостите ми ја јадат прва. Оттогаш си научив дека треба да ја правам во тројна количина.“ Во продолжение може да прочитате три рецепти за пченкарна салата, сите се превкусни, испробано.




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кесичка слатка пченка, 1 големо парче бело месо, 300 г шунка или пилешки гради, 300 г чадено сирење, 1 павлака, 200 г мајонез, 1 лажичка сенф, сол и црн пипер по вкус.

ПОСТАПКА: Белото месо сварете го и исечкајте го на коцки. Додајте ја варената пченка, шунката исечкана на коцки и чаденото сирење. Посолете и зачинете со црн пипер по вкус. Во целата смеса додајте една павлака (мало пакување од 180 г), 200 г мајонез и 1 лажичка сенф.




Фино измешајте и оставете ја салатата во фрижидер да се стегне околу 30-тина минути и потоа декорирајте ја по желба со сечкана ротквица. Ова е салата без која ниедно големо дружење не може да помине без неа во нашиот дом. Кој и да ја проба сите се воодушевени, бидејќи чаденото сирење ѝ дава посебен вкус. Следи вториот рецепт:




РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г слатка пченка, 100 г кисела павлака, 200 г мајонез, 200 г шунка, неколку кисели краставички, малку праз. ПОСТАПКА: Сварете ја пченката, исплакнете со ладна вода и добро исцедете ја.




Се мешаат павлаката, мајонезот, шунката исечкана на коцки, ситно сечканите кисели краставички и малку ситно сечканиот праз, посолете по вкус и на крај додајте ја исцедената и изладена варена пченка. Сè добро измешајте, изладете и послужете.




РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 мали клавчиња пченка, 1/4 шолја мајонез, 1/4 шолја павлака, 1/2 чаша рендан кашкавал (може и сирење). Од зачини: сол, црн, црвен пипер, чили (опционално), магдонос за наросување. Се користи шолја од 150 мл.




ПОСТАПКА: Сите клавчиња пченка завиткајте ги одделно во алу-фолија и ставете да се испечат во рерна околу 15 минути, или на скара додека да потемнат. Претходно може да ги посолите, но и не мора, во салатата се додава сол.




Испечените клавчиња исечете ги на зрнца и директно префрлајте ги во еден подлабок сад каде што ќе го подготвите остатокот од салатата. Доколку немате клавчиња, може да користите замрзната пченка, 2-3 пакувања. Во тој случај, сварете ја пченката како што е посочено на пакувањето (се вари околу 5-10 минути), а потоа се процедува од водата.




Во пченката, додека е уште врела може да додадете малку путер, за уште покремаст вкус. Додајте го мајонезот, павлаката, а потоа зачинете по вкус со сол, црн и црвен пипер, а може да ставите и мексикански зачини или лут сос, доколку го сакате тој вкус.

Салатата се меша, а потоа се додава ренданиот кашкавал и сите состојки се соединуваат. Кога е спремна, може да ја префрлите во елегантен сад и убаво да ја распоредите, а одозгора наросете ја со ситно сечкан магдонос.